Dali nekoj ja koristel i moze li da se sporedi so SoBioEtic argan? Ja koristev ednas Rodiola Rosea od siberica, ama poslednoto pakuvanje e bukvalno cista voda, nishto od kremot shto beshe ne e ostanato.
Кремот многу убаво хидрира, има суптилен мирис, добро легнува под шминка и не остава леплива трага/мрсен слој. Големо пакување е и долго време трае, вреди за цената искрено.
@Anabelle.Amorette ми го продаде. Токму ваков крем барав. Штета не е достапен btw многу фин сајт coslovemetics.mk
Дали оваа Feel Free марка ја има кај нас и дали некоја ја користи? Ми се чини дека е убава кремата за лице, една србинка ја препорача па сакам да си ја земам доколку ја имаме овде.
Јас да пишам мислење за кремиве на Vichy Првата не ми се допадна воопшто. Прво мирисот, мириса на чиста хемија. Мн јак мирис што не можам да го поднесам. Ок има спф 50 фактор , во дебел слој не може да се нанесе, претешка е за масна кожа. Втората е ок, ноќна е, густа , не ми ја масти кожата , мирисот скоро не се чувствува, ми ја дадоа од 15мл за подарок од аптеката и добра е, ми се допадна. Само не знам колку е ок за мојава возраст 34 години.. ако некој ја користел и дневната подолго време нека сподели мислење
Јас ја користам. Првите два три дена осетив помека кожа. Сега веќе не гледам некоја разлика не знам до што е.
Дали сте ја користеле оваа крема и дали сте задоволни ? Ми треба крема со пантенол па ја видов оваа..
Земи си ја Mivolis пантенол кремата од ДМ. Одлична е, баш за овој период. Башка што, има 75мл и е 109 денари.
Од happier barrier задоволна си? Обично следам што пишуваш и користиш, до сега од твоја препорака проблем не сум имала, ептен исто ни одговара. Гледам пиша и 34 години, исти сме кажи речи, некој серум користиш за први линии? Или евентуално втори
Од кремите на Geek&gorgeous hydration station јас ја користев, таа е полесна од happier barrier, ама по грешка ми ја ставиле оваа во ќеса додека купував и видов дури дома. Како и да е иако е густа не е мрсна воопшто. За ова ладно време е добра Од серум користам серум на Mary&May пептидниот и супер е , по втор пат го користам сега. А за навечер ретинал користам, на Geek&gorgeous
Одлична е. Ама имај во предвид дека имаш и крема и маст. Јас ја земав таа во вид на маст и остава онака масен слој ама премногу помага. Истава ја има во Србија ама во комбинација со 10% уреа, со алое, со секакви додатоци ама кај нас нема ништо од тоа за жал.
Jas. Kombinirana koža imam, ja zemav od pusti merak za C vitamin, a ne sum ažurna da stavam serum, ama ne mi se dopadna. Kako voda da stavam, nikakva hidratacija, lepliva nekako, i kako podloga za sminka e losa, suva, nema sansa pudra da razmackam.
Јас почнав да ја користам заедно со серумот исто со витамин Ц. Ама како што спомена,ептен е леплива и тешко ми се впива. Твоја препорака за хидратантна крема?
Jas samo menjam, od sto sum drčna sve da probam. Od ovaa od Olival od smilj sum mozda najzadovolna od toa sto dobivas, a i cena pristapna, mislam vo DM i poevtina e. Mnogu ubava tekstura, lesno se nanesuva, i kako podloga za sminka e super. Lani cela zima ja koristev i ic ne mi bese suva kožata. https://tesoridimare.mk/proizvod/olival-ekstra-hidratantna-krema-smil/ Isto i ovaa na Weleda za hidradataija e top, me oporavuva otkako ke napravam belja i ke ja presušam kožata so nekoja bez veze krema (kako taa so c vit ). Mnogu e mrsna, jas ja koristev navecer posle mienje lice. Kožata pamuk posle. Ima i light verzija ama ne sum ja probala. https://zegin.com.mk/mk/weleda-skin-food-rich-krem-za-suva-kozha-75-ml I mojata najomilena (i najskapicka) krema, na L'occitane hidratantna so shea 25% . Meka kožata puter, i kako podloga super, a mirisot e fantazija. Mislam toa najveke mi se dopagja https://loccitane.com.mk/mk/product/shea-butter-ultra-rich-comforting-cream/