Јас ја користам дневната Liftactiv за комбинирана кожа и е единствена што не ме мрси, исфрла. Веднаш упива и лицето е доста мазно. Јас па не гледам возраст, освен таа жолтата линија за ептен постара кожа, другиве по состав не им се нешто страшни. И Минерал серумот е фантастичен.
За комбинирана кожа која во зима бара хидратација плус, не ја препорачувам. Ептен сува крема, веднаш упива, лицето како ништо да не си ставил.
Еуцерин ph 5 со црвеното капаче дали може да се користи за комбинирана повеќе накај сува кожа, 22год? И дали може и за навечер и наутро
Јас ја користам истата, имам нормална со мрсна кај Тзоната. Преубаво ми ја хидрира кожата, мене премногу ми одговара. Сеа гледам да ја фатам на попуст, зашто некако ми ја поскапеа. А користам и купка, лабело, сапун и кремата од Eucerin козметика. Па да заштедам малку.
Kakva kozmetika mislite e podobra medicinska ili prepararivma kako na pr estee lauder,clarins,shesiedo
Nema podobra i pološa. Ima nešto sto ti odgovara, i nešto što ne ti odgovara. Toa što na mene odgovara, ne znači na tebe deka ke ti bide dobro. Moja drugarka mačka Nivea plavana krema univerzalna i staklo lice ima, drugava uste lepeški od ednorog nema staveno, pak nema čisto lice.
Треба да испробаш да видиш што ќе ти одговара , јас лично имам користено на Vichy , Estee Lauder, Clinique најчесто, ама не се и нешто посебно за тие цени. Само името го плаќаш.
Супер ми беше оваа крема. Доволно хидрира, лесно се впива, не го правеше лицето мрсно. Имам комбинирана кожа и баш ми се допадна, ми одговараше на лицето.
Се мислам која од овие две креми да ја нарачам.Искуство со кремиве? Инаку имам комбинирана кожа без акни.
Првата ја имам пробано искрено мене ми беше тешка и тешко ми се размачкуваше. Не беше за мене нештп посебна има и подобри од таа.
Ja zemav i potpolno si vo pravo.Ne mi se dopaga, teska e, se razmackuva, ama nekako ne mi go dava efektot sto go sakam i baram.Se lupnav 1200den za dzabe
Не ми е прв пат да купам производ и дс не се погоди баш ама затоа тука споделувам се за да не се фрлат пари за џабе како мене. Но некогаш се случува мене дс не ми одговара додека на друга кожа дс одговара и да се погоди и тоа може . Жал ми е што не ти се погодила но би те советувала некако да си најдеш начин да си ја искористиш да ја искомбинираш. Пример јас со мојте тешки креми ( некои не ми сметаат ) ставам пред тоа тонер или хијалуронска киселина и некако поубаво го осеќам лицето. Можеби пробај некоја таква комбинација или ако користиш киселини / ретинол со нив ќе ти биде таман. Се надевам ова ќе ти помогне
Ти благодарам многу за советите. Најчесто ставам хијалуронски серум пред да ставам крема на лице, од денеска така почнав и со оваа и малку е подобро. Инаку секако дека ќе ја искористам Кога сме кај кремите , нешто најдобро до сега што имам ставено на моето лице и буквално лицето ми го правеше совршено е днсвната крема на брендот Ettre Belle. После третман на ливе, козметичарката ми даде тестери и кога ја пробав дома следниот ден , нешто поубаво не сум ставила на моето лице, но да бидам реална премногу им се скапи производите кај нас.
Od garnier kremite kako ste zadovolni , gledam prilicno eftini se. Koristel nekoj? Mn ja forsiraat so vitC
Ne cini. Toa gel krema ne e krema za mene. Lepi kako lepak da ima vo nea. Suva kožata kako nisto da ne si stavil. A kako podloga za pudra e krsh, liceto posuvo nego pred kremata mi e