Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Каква крема за лице користите?

Дискусија во 'Лице' започната од SpoiledBaby, 22 април 2010.

  1. OmniaVanitas

    OmniaVanitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    1.456
    Допаѓања:
    1.478
    Ако нема променето мирис и текстура, можеш да продолжиш да ја користиш.
    Препорака од мене:
    Ziaja Natural Care
    Има два, еден е дневен и е во туба, а овој е и дневен и ноќен и е во кутија. Тој во туба е повеќе за помасна кожа, а овој е за посува (од мое искуство).
    [​IMG]

    Исто така за многу сува кожа е добар Ziaja olive oil cream. Со овој малку светнува лицето ама токму тоа дава посвеж изглед.
    [​IMG]

    За сува Ziaja olive oil face cream - light formula
    [​IMG]
     
    На DaisyDream му/ѝ се допаѓа ова.
  2. BurstBerry

    BurstBerry Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    839
    Допаѓања:
    1.463
    Дали има некој што има искуство со некоја крема за лице што го изедначува тенот малку од малку. На образите ми се појавува некое црвенило, па го снемува и така се во круг и околу устата делот како да ми е потемен од останатиот дел на лицето. Благодарам.
     
  3. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.676
    Допаѓања:
    25.237
    Пол:
    Женски
    Дали има некој користено бебешка крема за лице?Сакам да пробам со некоја понежна крема имам црвенила на лицево после акни. Останати ми се само црвенила
     
  4. Selena01

    Selena01 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2020
    Пораки:
    1.874
    Допаѓања:
    7.467
    Пол:
    Женски
    Можам само да ти кажам дека Бекутан е многу тешка за лице. И може да ти ги запуши уште толку порите. Подобро земи си крема за "возрасни" наменета за лице.
    Пр. Јас користам засега Лореал, ама и Нивеа ми одговарала (иако на некои нивната им го суши лицето), Гарние не ми се допаѓа. Или прашај по местата што даваат рутини за skin care, баш за црвенило да ти препорачаат (coslovemetics, yepeudda) не знам дали други даваат рутина, само од овие досега сум прашувала.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Naty_y

    Naty_y Нов член

    Се зачлени на:
    28 април 2024
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Kako ste zadovolni od kremcinata za lice od ziaja?
     
  6. ira.franko

    ira.franko Нов член

    Се зачлени на:
    30 март 2024
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    Девојки дали некоја знае каде можам да ги најдам кремите од брендот Kiehl's кај нас?
     
    На MиЛаѓ му/ѝ се допаѓа ова.
  7. DaisyDream

    DaisyDream Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2020
    Пораки:
    1.874
    Допаѓања:
    4.607
    Пол:
    Женски
    Си ја земав оваа дневната на Natura Siberica Blueberry co 20ka фактор. lg_6075ee054837f.jpg 1654710494la-roche-posay-cicaplast-baume-b5-balzam-so-termalna-voda-40ml-1-900x900-pad.jpg weleda_productFourBySeven.jpeg
    Се мислев и ноќна дали да земам.
    Ако ја имал некој, нека сподели искуство.
    Thanks :l:

    Воедно да споделам, oд Weleda light презадоволна, нe е мрсна како Rich-oт. Иако за зима пак помрсната ќе си ја земам, сабајле памук ми беше лицето кога ќе станев.
    А La roche Cicaplast втор пат ја земам, си ја ставам навечер 2 пати неделно, многу убава богата конзистенција ми има, дебел слој шлапам како маска за лице и оставам да упие.
     
    На Selest му/ѝ се допаѓа ова.
  8. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.535
    Допаѓања:
    106.118
    Пол:
    Женски

    Ноќната ја имав од Н.С, одлична беше. Јас бев задоволна
     
    На DaisyDream му/ѝ се допаѓа ова.
  9. pipi24

    pipi24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2014
    Пораки:
    88
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    Здраво , дали кремите на Geek&Gorgeous Hydration Station и Happier Barrier се слични? Ја користам првата и супер ми одговара лесна е , но ја нема на залиха.
    @koritsaki ќе те тагнам тебе мислам дека ги имаш користено и двете(ако не сум грешка), по твоја препорака ја земав Hydration Station и сум задоволна. Што ке ми кажеш за Happier Barrier? Имам комбинирана проблематична кожа.
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  10. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.535
    Допаѓања:
    106.118
    Пол:
    Женски

    Мило ми е :) таа што ја имаш е геласта , happier barrier е баш густа, на комбинирана и сува кожа одговара, за масна кожа не е наменета. Јас зимно време ја користев и иако имам мрсна кожа ми одговараше. Можеш да ја пробаш и таа, или ако имаат тестер нека ти дадат да ја пробаш
     
    На pipi24 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. pipi24

    pipi24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2014
    Пораки:
    88
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам, не сум во можност да ја пробам од тестер, ама не ја нарачувам оти мојата кожа не трпи густи креми повеќе ми одговараат геласти, да ми препорачаш некоја таква слична како hydration station?
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  12. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.535
    Допаѓања:
    106.118
    Пол:
    Женски

    Слична според мене е и оваа

    20240513_084833.jpg

    Ја имам пробано (ја користи ќерка ми повеќе) и е убава, лесна, не го мрси лицето. Мислам ќе ти се допадне :) ја има на coslovemetics.mk
     
    На pipi24 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. L.i.n.a.a

    L.i.n.a.a Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2013
    Пораки:
    1.803
    Допаѓања:
    3.088
    Пол:
    Женски
    Ја има некој користено оваа крема? Да сподели збор два дали е убава
    Масна односно комбинирана кожа имам
     

    Прикачени фајлови:

  14. Ailurophile

    Ailurophile Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2020
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    4
    Krem za kombinirana no dehidrirana lice?
     
  15. Selena01

    Selena01 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2020
    Пораки:
    1.874
    Допаѓања:
    7.467
    Пол:
    Женски
    Има ли некоја искуство со хада лабо продуктите?
    Конкретно ме интересира за некои од кремите, пошо не се ефтини па дали уопште вредат? IMG_20240519_161130.jpg
     
    На Slonce91 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Elence93

    Elence93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    5.855
    Допаѓања:
    5.194
    Пол:
    Женски
    Според мене вредат овие креми. Обично после неколку часа кожата ми е дехидрирана со другите креми, а со овие се уште ми е мека. Од друга страна не остава масен слој што не се впива како што ми се случуваше со другите креми за сува кожа. Можеби истиот ефект може да се постигне со серум и поевтина крема, но тоа се два чекори и кога ќе собереш цената е тука некаде.

    Лосионот на Хада лабо, многу лесен а хидрира и ќе ти трае многу долго. Кремите им се поскапи и се за посува кожа.
     
    Последна измена од модератор: 19 мај 2024
    На Selena01 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. OmniaVanitas

    OmniaVanitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    1.456
    Допаѓања:
    1.478
    3 мислења над твоето имам напишано за нив. Разгледувајте по темите, најверојатно веќе има одговор.
    Вметни niacinamid серум пред крем, за почеток разредувај го или нанесувај го преку еден ден за да видиш како ќе ти одговара на лицето зошто обично се продаваат со попголема концентрација. А за крем можеш од Ziaja olive oil face cream - light formula, иако е за сува но мислам дека е ок и за комбинирана и дехидрирана кожа.
    Можеш кратко време да употребуваш и крема со пантенол или за почеток да ја мешаш кремата со пантенол со другата дневна крема која ќе ја избереш. Дај им време и после одредено време ќе видиш која од овие комбинации најмногу ќе ти одговара.
    ------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
    Се разочарав од Natura Siberica. Сакав да земам нешто ново, знаејќи дека се работи за природна козметика, без проверување си земав крем со спф и како за козметика која се смета за „природна“ имаше многу лош состав.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  18. oblace1

    oblace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    2.397
    Допаѓања:
    8.408
    Пол:
    Женски
    Дали ја има некој користено кремава од Mizon, да сподели искуство?
    7415B9C0-05E9-416F-B422-E3E0DE68CE06.jpeg
     
  19. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.000
    Допаѓања:
    14.400
    Пол:
    Женски
    @koritsaki често низ форумов го фалиш la roshe posay (ако точно го напишав) би одговарала ли за масна кожа за летен период или да ја користам во поладни денови?
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  20. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.535
    Допаѓања:
    106.118
    Пол:
    Женски

    Од La roche posay бев презадоволна од оваа

    [​IMG]

    За секое годишно време супер е :) да, одговара за масна кожа
     
    На Mayaasa и marchi-cool им се допаѓа ова.