Ако не ти е мрсна кожата земи ја. Кога ќе ја стаеш е добра но по неколку часа светнува лицето. Мене премногу ми беше со спф врз неа.
Во принцип се потешки креми. И многу маваат на хемија. Не се ни толку хидратантни колку што се како маска на лице
искрено преку крема друга крема не би одело. Чистиш користиш тонер серум па спф. Крема пред спф е too much
Може да препорача некој масна крема за суво лице и сува кожа општо, мачкам Бекутан ми одговара многу, но овде во странство каде што живеам нема Бекутан, би сакала нешто слично од ДМ од странскиве марки што и во Македонија се продаваат истите да купам. Препорака?
Можеш оваа да ја земеш доколку сакаш од ДМ. Има од истата ноќна крема. Или друга препорака од Др.Хаушка
За лице Мелиса дневната крема наутро и на вечер ја користам. Кремата од роза за пределот околу очите.
По аптеките. Во Мк ја има во Зегин, Еурофарм итн Околу 1300 ден имаат некогаш и попусти. Ама Мелиса е за комбинирана масна кожа, таа јас што ја поставив е за сува. Одлична е оваа погоре и јас ја имам користено. Ја обожавам цела нивна козметика и декоратива
Изгледа не сте го прочитале мојот пост, барам крема која се продава во странство, инаку да е слична на Бекутан по состав, зашто ми одговара Бекутан но овде каде што живеам не се продава.
Кремата ја има и во странство,германска е.За цена не би знаела да ти кажам оти јас си ја купувам од Македонија.Од роза кремата е за сува кожа ти ја препорачувам.
30ml крема за 20 eura, доста папрена цена. Би сакала крема со поприступачна цена, јас би ја потрошила во неколку мачкања зашто и вратот и деколтето го мачкам сепак е висока цена а мала амбалажа.
Најдобро си знаеш самата,иако гледа мала,мене ми трае месец и пол .Поевтина варијанта ти е од ДМ кремата од дива роза, имаш цела колекција од дневна и ноќна крема, крема за околу очи и масло од дива роза.За кремата ,а и целата колекција има позитивни коментари на форумот од членки кои ја користеле.Цените се пристапи и ја има во странство.Наменета е за сува кожа и е органска козметика.Цената на дневната и ноќна кремата е 3 евра за секоја посебно ,а и другиве производи од колекцијата имаат пристапни цени,мислам на кремата за околу очи и маслото од дива роза.
да јас, скоро цела козметика пред две години. Имав витамин ц, лосиони, крема една со сиво капаче, млеко за лице, хиларијон филер колекција…задоволна бев
Па да ти кажам искрено не го знам составот на Бекутанот, така да не знам нешто да ти препорачам. Ама да знаеш составот на Бекутан не е и баш најсјаен. Иако е 30мл кремата , густичка е и не се троши брзо
Здраво, @Biodevojka, да те замолам да ми дадеш предлог за замена за зелената крема на конопка. Никаде не можам да ја најдам а итно ми е. Со цената да биде слична. Ти благодарам ❤️
Здраво драга, на сајтот на Белина, и во Веро ја имам видено. Ако ја нема, како замена земи ја оваа 390 мкд
Да не користи некој серум/ крема за избелување пеги односно за хиперпигментација од што стварно има ефект?