Драга за пеги тешко дека нешто ќе помогне. За флеки има квалтетни производи, ама зависи многу од типот на флеката.
Некој производ мене за флеки да ми препорачате? Мислам дека од депилација ми е, на лицево, на лето најмногу ми се познава и шири..
Препорака некоја за крема од Bioderma ? Гледам има 20% попуст, се мислев дали да ја земам Мелиса на Хаушка ама во последно време по некој час ми се мрси многу кожата од неа. А лицето супер го негува. Од Биодерма немам купувано крема никогаш до сега (освен гелот за миење лице , мицеларна вода и спф крема)
Најзадоволна бев од sensibio defensive ама обичната не рич варијантата бидејќи имам комбинирана кожа. Исто и од hydrabio perfecturе таа е со спф 30. Себиум линијата не ми одговара иако имам кобинирана кожа, и кога имав акни пак не ми одговараше ми се перутеа на лицето и себиум глобал и поре рефинер. Едит Во зегин се 25 посто на попуст јас го користам розевото гелче за миење лице
Можеш да пробаш со Bübchen доколку си во Германија. И таа е детска како и бекутанот и исто е масна така. Јас чат пат ја користам за лице пошо и мене бекутан ми одговара.
Sebium hydra ја користам скоро две години и убава е, баш хидрира. Исто и sensitive sebium. Досега се што сум користела од Биодерма ми одговарало (освен Hydrabio Perfecteur кремата), наредно планирам да пробам нешто од Pingmentbio линијата
https://www.zegin.com.mk/mk/fleurance-elixir-royal-protiv-brchki-za-okolu-ochi-i-usni-15-ml мислење за кремава?
Девојки, што мислите за кремава? Имам комбинирана кожа (масна Т-зона и релативно сува У-зона). Имам проширени пори. Имам чисто лице, не сум склона кон акни. И дали може да ја користам после серум со ниацинамид? Планирам да вметнам и тоа.
Супер е кремава за комбинирана кожа. Мене ми се погоди, ја користев пред некое време и навистина ми се допадна. Хидрира доволно и не ја прави кожата мрсна. Супер ќе оди и со серумот, иста комбинација правев, само што прво ставав од серумот па кремот.
Ја имам користено. Убава е ама многу удира на хемија. Има оштар мирис на нешто премногу вештачко. Освен мирисот другото си е во ред. Инаку видов дека имаш пишувано и во друга тема за порите. Не верувам во магични продукти кои ги бришат порите. Ниту во оние што минимализираат пори. Можеш само да вметнете.двојмо чистење на кожата. Лесна крема и некој серум со хијалуронска. Негата и хидратацијата ти се најважни а порите секако постојат. Можеш да ставаш маска еднаш неделно или оние лентите за чистење на пори. Или да одиш на козметичар.
Фала ти за брзиот одговор. Да да, и јас така планирав прво серумот па кремава. Само ме предомислува што на кремава пишува дека има comedogenicity 4-5 (isopropyl isostearate) што предизвикува clogged pores и како што разбрав не би требало да одговара за лице со проширени пори… Фала ти на одговорот Двојно чистење планирам да вметнам. За кремава само ме предомислува тоа што има comodegenicity 4-5 (isopropyl isostearate) и како што разбрав не би требало да одговара за проширени пори.. Која друга крема би ми препорачала за мојава ситуација? А за серум се двоумам дали да вметнам ниацинамид или нешто друго, на пример ете хијалуронска. И дали воопшто да вметнам, дека до сега буквално ништо немам користено, па сега се наеднаш да не е премногу..
Не знам како би било кај тебе, навистина додека не пробаш не можеш да знаеш. Ако сметаш дека не е за тебе, побарај си некоја друга што мислиш дека подобро ќе ти одговара. Јас немав никакви проблеми во однос на тоа прашање додека ја користев кремата. Сигурно и двојното чистење си има некаква улога, барем така мислам.
Мене кремава воопшто не ми беше убава,имав некое чувство на мрсно лице кога ќе ја намачкав. Како да воопшто не се впиваше,не знам како да го објаснам чувството. Ни другите на Лореал 35+,45+ итн не ми одговараат,исто ги чувствувам на кожа. Веќе не купувам Лореал креми,ама можеби само на мене не ми одговараат
Здраво, во зависност од финанции јас би ти препорачала ова 1. Жонзак 970 мкд, одлично хидрира а не масти 2. Со Био Етик 635 мкд лесна хидратантна 3. Натура Сиберика 575 мкд 4. Др. Конопка 405мкд,на кого и да сум ја препорачала сите биле презадоволни. Лесна, хидрира, не масти
Го имам користено Еуциринот но сакам да пробам со Vichy Дали имате искуство? Комбинирана кожа со мрснa Т зона.