Јас на Виши ја користам, ама не Rich туку другата верзија, и преубава е. Исто имам комбинирана кожа, а споредбено со Еуцеринот нема алкохол, Еуцеринот многу алкохол имаше. Ја ставам и пред СПФ и не се мрси лицето ич.
Здраво женски Јас имам масна т зона. Но, не сакам лесна крема, гелови и слично. Сакам убава средно густа, бидејќи така си ја чувствувам најубаво кожата. Фала
Најчесто користам Ziaja, а понекогаш купувам и од Nivea некоја 35+ или против брчки. Гледам тука на форумот девојките посветуваат многу на нега на кожа. Јас мислам дека сум премногу едноставна во тој поглед. Може е време и јас да посветам повеќе време и да воведам некоја рутина.
Ни таа ни другата. Единствено на CeraVe ова чудо: Јас и порано имам пишувано низ темите дека ништо не ми помогна за дехидрирана кожа, секакви креми купував буквално. И читав дека овде скоро сите ја користите таа крема, ја земав од Бугарија од аптека заедно со зелениот хидратантен чистач. Веќе немам никакви проблеми со дехидрирана кожа, дури и кога користам чистач што ми ја има дехидрирано кожата. По само 2 недели кожата почна да ми се враќа во нормала. Кремот упива лесно, не е мрсен и не лепи, а хидрира максимално, како под вода да си нонстоп. Доживотно ќе го користам се додека постои. Секој ден ја користам и наутро и навечер, од Јуни месец сеуште ми трае не е потрошена.
На мојата кожа CeraVe кремата за навлажнување не ѝ одговара. Кожата ми ја прави мрсна и ми излегоа акни. Додека не пробаш нема да знаеш.
Ова за лице го користиш? А која и е намената на кремата? Дека знам од истата линија има еден крем како пумпичка PM, ноќен крем и сум читала дека е добар за лице. Ова по паковањето ми личи дека е за тело или сум грешка...