A kremata od polzav od coslove? Ja ima nekoj koristeno za hidratacija. Mi treba nesto sto nema da svetnam a nema da mi isusi liceto
Mizon Hyalugen Le lift види ја, одлично хидрира и не го остава масно лицето. Другава што ја спомна ја немам користено.
Тоа е лосион, и воопшто не е мрсно туку само е доста хидратантно. И јас имам мрсно лице(и дехидрирано) и ете ми го среди. Го користам навечер во рутина, а и наутро пред СПФ, многу добро легнува на него. За лице го користам, а и за тело може.
Ми треба совет ако некоја знае, ја користела некоја од овие две да ми се најде да донесам одлука. Конкретно се мислам помеѓу Lancôme Hydra Zen Anti-stress дневна хидратантна анти-стрес крема за лице, за сите типови кожа 50мл или Lancôme Hydra Zen дневна хидратантна гел крема за лице за сите типови кожа И двете се за сите типови на кожа ама гел кремов ми делува како попосен во состав, а барам како за комбинирана кожа и се мислам дали дневната хидратантна ќе ме поти или е лесно впивлива па и таа можеби би ми одговарала, не знам.
Втората е гел крема па мислам дека за комбинирана кожа повеќе таа би ти одговарала. Зошто не си побараш тестерчиња да си пробаш прво? Кога се работи за поскапи креми јас само така си барам тестерчиња си пробувам па потоа купувам. Лично ги немам пробано кремиве инаку
И јас типувам повеќе на вторава. Проблемот е што немаат тестерчиња секаде. Евентуално да купам некој парфем или сет парфеми па како подарок да ми дојде несесерче со мини креми и други производи од овој бренд па така да пробам, што не ми бега со оглед колку обожавам парфеми. Си приметила во темата гледам и ти се разбираш од нив. Сепак благодарам за советот ќе подразмислам и одлучам не ми се брза. Имам нешто на залиха ама вака по составот ми фатија око и некои од кремиве.
Zdravo dali nekoj koristel Kremi za lice na Ziaja. potocno tie hidratantni, dnevna, nokna( za suvo lice). Ne se skapi, gi citav koi za sto se pa sakam da spodelite dokolku ste fi koristele. Vi blagodaram
Важи, ако се решам да ја земам сигурно ќе биде вторава, па откако ќе помине некое време да ја осетам како ми легнала ќе пишам. Ние со комбиниранава врста на кожа си бараме посебна нега, да не свети т зоната, па затоа и сум пребирлива и се распрашувам. Ќе пробам па ќе се уверам самата како делува, а можеби и да скокнам до некој од соседиве таму секогаш ми даваат тестери и да не им барам. Знаат како се води бизнис. Кај нас ако начекам на промоција или ептен ако им се најде ама ретко тоа или ако купиш нешто за поголема сума како парфем или сетови па да ти дадат несесерче со мини производи. Тоа е ќе се снаоѓаме некако.
Јас ја користам и задоволна сум има мн убав мирис, кожата по нанесувањето е мн мека... И за парите, вреди, лицето ми се исчисти целосно.
Јас сеа за сеа ја користам на Ziaja со козјо млеко или алое вера, зависи. Ефтина варијанта е, околу 250-300 ден. за 50мл ама трае доста долго. A little goes a long way.
Ова не е хидратантна крема, туку се користи над кремата за додатна хидратација/смирување на лицето. Не треба да се користи самостојно.
На нивната страна пишува дека може и јас немав никакви проблеми, баш напротив, забележав големо подобрување. https://www.laroche-posay.ca/en_CA/skin-edit/sensitive-skin-tips/how-to-use-cicaplast-baume-b5.html
Ај вака, да прашам. Тетка ми 83 год сакаше да се консултира со мене, а ја не се разбирам толку од кремиве. Сака некоја крема за лице, бидејќи како вика, од лани до сега и се "згужвало и отемнело". Не е у цутот на младоста али е доста држача.
Koja krema ja preporacuvate za 11 godisno dete koe veke ima bubulici na celo?Do sega koristese becutan deckata ama sega bi I promenila.
Добро што е жива сеуште, нема што толку да се грижи ако и се згужвало лицето, не се ни очекува да има порцелан лице. За таа возраст кешки тоа да и е најголем проблем. Веќе влегла во пубертет. Пробајте со поздрава исхрана неколку месеци. И хигиена на лице, миење, чистење со тоник. Консултирајте се со дерматолог за некоја медицинска крема Еуцерин или сл, бекутанот може повеќе проблем да и направи, ги запишува порите.