Јас сум најзадоволна од Нивеа бебешкиот крем и од Арома кремот од невен- воопшто не е мрсен и многу мека ја прави кожата.
Какво кожа имаш.Јас сакав да си ја порачам истата оваа крема но ми беше страв да не ми се исфрла лицето бидејќи имам малку чуствителна кожа
Имам многу чувствутелно лице. Ретко која крема ми одговара на кожата. Имав исто пријателка која досега не користеше крема за лице само затоа што неможеше да најде соодветна и оваа и беше спас, премногу добра. Ја омекнува кожата, ја прави мазна. Вреди да се купи
девојки имам сува кожа и доста осетлива.. кажете ми која според вас е добра и да ми одговара како подлога за пудра??? и уште едно прашање дали знаете како да го изедначам тенот на кожата? претходно имав големи проблеми со кожата и на некои места имам како флеки останато..фала вииии
секогаш сум користила нивеа од сината..преубава ми е,,а сега си земав од авон една што беше од камилица па само еднаш сум ставила и нема нешто посебно...сепак ке напоменам нивеа си е нивеа..
Од Авене Диросеал, сега преименуван во Антируж, најверојатно така се чита. Според новото име, почигледно е дека е за црвенило, односно јас го користев за испуканите капиларчиња, и сум многу задоволна и плус е со заштитен фактор 20.
препорачајте ми крема за лице за нормална-комбинирана кожа (кога како), некоја лесна, со заштитен фактор итн.. како за ова време..
Веќе долго време ја користев кремата Нивеа, ама ја сменав за оваа и многу сум задоволна. Хидратантна е и помага во исчезнувањето на мозолчињата :up:
Да, Здраве има штетни хемикалии - цинков оксид. Јас си ја купив пред неколку дена само за да отстранам некои акни и флеки од лицето, бидејќи многу ја фалат. Ставам само на места кај што имам акни и флеки. А за секојдневен крем, сеуште не знам, јас ќе си го купам Nivea Soft, докажано е научно дека е добар, не сакам повеќе да експериментирам. Имам пишано тука дека користам крем на Danai од краставица, ефективен е ама ми ја прави уште помрсна кожата. Затоа ќе си пробам со нивеата па ќе пишам резултати.
Цинков оксид штетен? Сарказам? ^^ Цинковиот оксид се користи во скоро секоја крема која има за цел сушење и избелување акни. И не, не е штетен. Најдобрите креми содржат во себе цинков оксид - Судокрем, кремата со магдонос од Докторс, Здраве, Бекутан...
^ Прочепкај малку по интернет ќе видиш. А, да и во Бекутан нема цинков оксид, а останатите креми кои си ги набројала првпат ги слушам.
Цинк оксидот го ставаат во креми специјално наменети за иритирана кожа од пелени, а јас не знам каде имаш прочитано дека е штетен. Го има во храна, сирупи, шампони, сапуни. http://www.alkaloid.com.mk/zashtiten-de ... 75-ml.nspx Ја имам кремава дома. Судокрем е светски позната крема против иритирана кожа од пелени која може да се користи и за акни.
Не планирам да започнувам кавги и да правам шоу. Ги имам производите на Бекутан дома и во нив јасно пишува дека нема цинк оксид. За штетното влијание на цинк оксидот во големи количини знам од стручни лица (мајка ми работи во училиште каде се предава за козметика и значителен предмет им е дерматологија). Тоа го имам прочитано и на интернет. И верувам дека тие луѓе го кажуваат тоа за мое добро. Не сакам да ти наметнувам мислење, ама имам право да коментирам и да кажам што сум слушнала од стручни лица и што сум прочитала. Сепак ова е слободен форум во кој секој има право да го искаже своето мислење и својот став, зар не?