Ќерка ми има 13 год , од овие креми беше супер задоволна за бубалиците нема и нешто посебно што ќе помогне, бидејќи се хормонски, обично пред добивање и се влошува лицето https://bellina.mk/product/bereza-siberica-крем-гел-за-мрсна-кожа-склона-кон-ак/ https://bellina.mk/product/pur-bamboo-матифицирачка-крема-за-лице-за-норм/
Vi blagodaram na odgovorite,ke se konsultiram I so dermatology.Se plasam da ni se vlosi sostojbata so liceto
Од Еуцерин или Биодерма земете гел соодветен за миење на лицето. За мрсна, сува каков ви треба. Исто и креми, од Биодерма гледам дека голем дел од кремите се и за бебиња, така да ке најдете од оваа линија нешто за оваа возраст. Погледнете и на Веледа, само не знам од овие никогаш немам користено дали ќе најдете соодветен крем оваа е органска,инаку е убава линија.
за очи е но ќе прашам тука - дали имате искуство со овој производ: https://zegin.com.mk/mk/embryolisse...hki-stik-za-bleskav-predel-okolu-ochite-45-gr
Искрено од сите што имам зборено од таа крема им има исфрлено лицето и им се има иритирано. Не знам колку воопшто е добра, а имав во план да ја земам. Не си единствена со тој проблем.
Имате пробано некоја од кремите BALEA MED ULTRA SENSITIVE? Aqua, Glycerin, Ethylhexyl Stearate, Helianthus Annuus Hybrid Oil, Behenyl Alcohol, Cetyl Alcohol, Glyceryl Stearate, Pentaerythrityl Distearate, Butyrospermum Parkii Butter, Dicaprylyl Carbonate, Panthenol, Allantoin, Tocopheryl Acetate, Sodium Stearoyl Glutamate, Microcrystalline Cellulose, Xanthan Gum, Cellulose Gum, Caprylyl Glycol, Caprylhydroxamic Acid, Silica, Citric Acid, Sodium Hydroxide Aqua, Caprylic/Capric Triglyceride, Cetyl Alcohol, Alcohol Denat, Glycerin, Pentaerythrityl Distearate, Dicaprylyl Ether, Panthenol, Tocopheryl Acetate, Allantoin, Sodium Stearoyl Glutamate, Carbomer, Xanthan Gum, Ethylhexylglycerin, Sodium Hydroxide, Citric Acid @Biodevojka што мислиш за составите?
Препорака за ноќна крема за осетлива кожа склона кон акни? Според тоа досега што сум пробала мислам дека најмногу ми одговараат тие лесни креми што се на база на вода, со лесна воденкаста текстура иако имам осетлива/нормална-сува кожа тие креми што се доста мрсни некако не се за мојата кожа. Сакав да ја земам оваа https://www.dm-drogeriemarkt.bg/balea-ovlazhnyavasht-krem-gel-aqua-p4066447234138.html ми изгледаше добро но како што видов има алкохол во состав и прочитав некои лоши коментари.. Од дм/ белина до 300-400 денари.
Сите креми имаат алкохол не е страшно. https://bellina.mk/product/pumpkin-honey-матифицирачка-крема-за-лице-за-мр/
Лошо се изјаснив хаха, меѓу првите состојки мислам беше на оваа од балеа кремата. Знам дека имаат, само да е во што помал процент во споредба со другиве состојки. Оваа крема на Белина гледам за мрсна кожа матифицирачка, мислиш дека би одговарала за мојата сувкаста кожа?
Аа сува ти е кожата, тогаш не , овие ѕирни ги https://bellina.mk/product/продукт-435/ https://bellina.mk/product/nourishing-крема-за-лице-за-нормална-и-сува-кожа/
Многу позитивни критики слушам од пријатели за оваа доста хидратантна крема. Ме интересира дали некој/а овде ја користи и мислење? Ја има во Зегин околу 1500мкд
Ја купив пред 2 недели бидејќи ми излагаше по тикток. Да напоменам имам осетлива кожа со проширени пори и склона на акни. Мене кремава убаво ми легна, си ја осетив кожата "нахранета" бидејќи од ладното почна да ми се суши. Е арно ама толку ужасно ме нафрли со ситни бели акни низ образите што еве недела дена си го оправам лицево. Арно земав од помалата од 30мл па ќе ја користам за раце ако ништо. Така да ако имаш проблематична кожа не ја зимај.
Освен проширени пори други проблеми немам. Ете на мои пријателки им се погоди ептен кремата, би сакала да ја земам само бидејки имам дехидрирана кожа сега зимно време од клими сув воздух од загаденост се се собир. Што мислиш дека не ти одговара на кожата од таа крема?
Како подлога за шминка е океј. Па и онака да си мачкаш како крема за лице е добра. Има шеа путер и после нанесување лицето го осеќаш многу мазно, како ,,glazed", пудрата многу лесно се нанесува врз кремата. Незнам за долг рок дали е толку добра и квалитетна. Ама ја имам и ја користам стално.
Има премногу состојки што не се баш acne friendly, а иронично е што навеле на самата крема дека е некомедогена. Има шеа путер, парафин и пчелин восок па претпоставувам поради нив се нафрлив. Сепак на доста луѓе им се погодила кремава, дава убав ефект и ја фалат како база за шминка. Има доста ривјус и на нет на реддит, тикток итн па читни и на нив.
Eucerin Epigenetic...serum од статијава http://www.femina.mk/новости/промо/благодарение-на-епигенетиката-можно-е-вртење-на-часовникот-назад-кога-станува-збор-за-стареење-на-нашата-кожа?fbclid=IwZXh0bgNhZW0CMTEAAR2NbVZGHeHhD4Sxqs8Xih_F8t4kPyKqaRBt4uBeiKEtGv2OA2ncwdTjiEQ_aem_1fU5jY9iJi4liktBSFBCiA искуства да пише некоја?