Нивеа не ти е добар бренд, јас бев кај д-р Анчевски на консултација и за моето мрсно лице ми рекоа да ја користам на Bioderma Sebum Global она ти е за acne-prone skin. Мене премногу ми одговара и нема шанси да ја сменам . Нон стоп ја купувам. И не е скапа .
И мене во средно истата ми беше препорачана од дерматолог и ја користев се додека не почна да ме пече кожата од истата. Најлошо нешто во животот што сум направила е да користам крема за мрсна кожа, дури иако ми била мрсна. Баталете, секогаш користејте си хидратантна варијанта. Ја препорачувам по не знам кој пат Cera Ve, поточно лосионот со пумпица.
Најобична крема ќе ти заврши работа, треба само почесто да ставаш. Јас насабајле обично светам малку, ама намерно оставам така. Не прави двојно чистење, ниту преагресивно да ја миеш со чистачи за лице. Пробај нанеси кокосово масло (од стаклена тегла) тенок слој на цело лице и држи ја како маска барем час. После измиј со ептен мала количина на гел за лице. Едит: ставај шал преку уста, нос за побрзо да ти се среди. Со кокосовото не претерувај.
Cera Ve лосионот со пумпа, за него пишав. И за лице и за тело е, јас го користам како крема за лице бидејки од сите креми само тој ми го врати лицето во нормална, ете денес ми се потроши и нов купив, а од Јуни месец го имав. Големото паковање.
Гледам дека попустот во Зегин трае до понеделник и таман сакам да го искористам за некоја квалитетна крема за лице. Сакам да му даде свежина на лицето и да го подисчисти од акни. Имам комбинирано лице склоно кон појава на акни. Шо би ми препорачале да купам? La roche posay, eucerin i bioderma се на 20% попуст.
Здраво на сите. Долго време користев креми на Еуцерин и бев задоволна. Ги имам користено Active Q10, Anti pigment, кремите со Urea и од сите сум била задоволна. Промената ми се деси кога ја купив Hyaluron-Filler кремата (сиво пакување) што моево лице никако не ја поднесува. Во моментов ми треба крема за многу сува кожа плус кожа која што веќе старее и си бара повеќе нега. Бидејќи имам многу сува кожа би сакала да ми препорачате креми од кои сте задоволни. Видов дека периодов La roche и Bioderma имаат попусти. Немам искуство со CeraVe, Embryollese?
Мене ми се бендисва sebium global линијата. Го користам и гелот и кремчето и сум задоволна. Ја пробав и sebium sensitive ама мене не ми одговараше. Кремот не знам дали е за секојдневна употреба, јас го користев по потреба на пределите каде што имав проблем. Ако ти е за секој ден, повеќе би ти ја препорачала hydrabio но ја немам користено, не можам да кажам дали е добра.
Јас го користам лосионот за лице на CeraVe во комбинација со гел од истиот бренд. Зимно време имам многу сува кожа особено на некои делови од лицето, и само таа крема длабоко ми ја хидрира кожата.
Исто!! Embryollese ми кажаа дека е тешка за комбинирана или масна кожа и затоа продолжив со Cera Ve, нај нај задоволна.
Само јас ја користам таа од 52 мл и сега сакам да се префрлам на поголемото пакување. Се мислев и претходно, ама дека пишуваше и за тело па бев малце скептик, ама исти биле.
Лосионот со пумпица е за и за тело и за лице, јас го користев големото паковање со месеци, ем навечер и преку ден ставав. Сега се на попуст мислам низ аптеките.
Никаква. Не ми се погодила ни една, или па и јас не сум барала. Користев едно време масло од јојоба. Ми се потроши. Треба да си купам ново. Топ ми беше за моја кожа.