Јас ја имам користено, имам комбинирана кожа. За лето е лесна ноќна крема, за зима може со некој хуалоронски серум или почесто да ја користиш како маска особено со салицилна киселина. Пантенол + е витамин навечер. Внеси мист тонер, на пример Anti-ox wild blueberry, Natura siberica и прскај за навлажнување на лицето. Поскапа варијанта е true alchemy cream emulsion, hyaluronic acid 1% & betaine 1% на влажна кожа. Односно прво испракај тонер, па веднаш крем.
Дали некој ја имате користено,вака ми изгледа сосем ок,ама не знам дали се впива,дали е добра како подлога за шминка..?
Откако залади, се префрлив на Geek&Gorgeous happier barrier и дефинитивно се покажа како одличен избор за мене. Наутро ставам една точка пред да нанесам спф, зашто така ми е далеку поубаво. А навечер ставам баш дарежлив слој. Преубава крема! Формулата на прв поглед личи на доста тешка, но кремата не е ниту тешка, ниту масна. Кожата во зима ми е повеќе нормална отколку комбинирана, па за мене кремава е навистина одлична. Во лето не знам дали ќе ми одговара, можеби би ја користела само навечер, или пак би се вратила на hydration station од истиов бренд. Но, како и да е, happier barrier кремата во моментов е сè што барам и сè што ми треба. Чиста десетка.
Јас со мрсна кожа и двете ги имам користено, таа happier barrier ја земав лани по грешка и баш супер ми се погоди. И гел кремата ја користам моментално супер е
Јас ја земав, некоја смешна цена е 180ден. Се имам изнадавано пари за лицето, секогаш земав скапи производи, корејска козметика или медицинска козметика и можам да кажам дека кремата ми одговара повеќе од било која друга. Ептен ми е лесна на лице, се впива и не остава масен слој. Да го дотрошам гелот што го користам од Биодерма и ќе го земам гелот од истата линија, верувам дека е одличен и тој.
Оти некој мисли дека ако е евтино, не чинат состојките. Ама затоа па еден куп скапи креми се со ужасни состојки, ама не, не може да бидат лоши оти скапи се.
Заборавив да напоменам дека ми треба за тело, на препоните имам неколку флеки. Може серум на тој дел да ставам или нешто друго? Ми текна на кремава пошто ја фалеа и за флеки. Апсолутно. Многу пати некои евтини креми ме излечиле, наспроти толку скапи производи кои што ми фаќаа само прашина во фиока.
@Annath сосема во право си. Од кремиве од ДМ мене Алверде ми се имаат погодено ептен а ефтини , џабе пари се , а не им фали ништо и составот е супер. Ама за жал има луѓе што се убедени дека секогаш скапото е и добро @fbaby Можат серумите да се користат и на тeло секако кремата ја немам пробано на лице бидејќи ми е мрсно, со неа рацете ги имам мачкано зимно време зошто ми пукаат од ладното
Не сум баш сигурна колку е добар ама на официјалната германска DM страница има пријавено доста негативни искуства со оваа крема. https://www.dm.de/balea-med-tagescreme-ultra-sensitive-p4066447468137.html#dm_bv_container
Ти конкретно имаше пишано за составот и цената на кремата, не за искуствата. А позитивни или негативни искуства сосема очекувано дека ќе има како и за сите други производи. Конкретно во случајот на страната далеку повеќе позитивни искуства се споделени. Членката праша, јас го пишав моето лично искуство. Сепак таа ќе си одлучи.
Кремава е толку исфалена, што јас решив да ја земам. Генерално сум задоволна од производи што содржат цинк оксид, почнувајќи од обичната здраве крема, па се до поскапи некои производи. Пред три дена ја купив, и намерата ми беше да ја ставам навечер, ама два три пати неделно. Очекував да е многу потешка, имајки во предвив нели дека содржи цинк оксид, ама пријатно се изненадив кога ја нанесов на кожата. Многу е лесна и преубаво ја хидрира кожата и сега некако ми одговара да ја ставам секоја вечер. Инаку јас имам комбинирана кожа, знае понекогаш да ми светне т зоната, и некако супер ми одговара на лицето. Ќе видиме каков ќе биде резултатот. Немам некој реален проблем со лицето, освен повремено некоја акничка. Решив да ја земам кремата затоа што една познаничка имаше сипаници, и целото лице и беше иссипано, и тоа што и го направи кремата за четири дена беше неверојатно. Такво нешто, таква драстична разлика во живо никогаш не сум видела.
Мене Cicaplast гелот за миење толку многу ме изфрли црвенило и ме печеше лицето со саати. Го фрлив. А кремата ја немам пробано. Не на секој може да му се погоди.