Девојки може некој предлог за дневна крема за лице? Имам чисто лице, нормална кожа со малку масна Т-зона. Битно ми е да има убав мирис
Оваа мириса преубаво, Натура Сиберика со боровинка. Би требало да ти одговара и на типот на кожа, имам ист тип на кожа и мене ми беше одлична.
Ја има, да. Не се сеќавам колку точно беше, но мислам дека ме би требало да е повеќе од 300, 350 ден.
Да, ја има во ДМ. Јас ја купувам од таму. Околку 450 - 500 денари е сега цената, ми трае 2 месеци, ја користам веќе 2-3 години и не би ја менувала за ништо. Цела линија со боровинки е феноменална.
Имам сува кожа па ги користам овие. Лореал кремите ги користам само навечер затоа што не се добра подлога за шминка, инаку ја прават кожата кадифена. Биодерма користам наутро, ама ако кожата не ми е сува толку користам Балеа ниацинамид крема со СПФ.