Некој да препорача хидратантен гел, крема за масна кожа склона кон акни веќе не знам што да ставам за да ги отстранам..последниве две години од како се породив лицето почна да ми се прави такво нон стоп
За акни нешто друго побарај во темата што ни е за серуми, или пак во таа за дневна-ноќна рутина. Ќе те упатат членките да најдеш нешто добро. А што се однесува до гел креми, одлична гел крема е ноќната маска од Eyenlip. Нека не те секира тоа што пишува sleeping pack, се користи како крем и комотно можеш да го ставаш и наутро и навечер. Два вида има, една со церамиди и пептиди, друга со колаген. И двете подеднакво одлични. Спојлер
И мене исто, од стакло лице, лицето ми се направи лом со акни...кослолав ми направија рутина џабе, 8 месеци се оддадов пари на креми серуми киселини и што уште не....па слушнав за една докторка од кичево мислам дека е дермалог или дерматовенеролог ама кога отворив мој термин, термин никаде...па разбрав за една претставничка од фирмите меѓу кои биодерма, ларош и сл дека доаѓа во една позната аптека во мојот град со тие микро камерите и реков ајде да закажам дури стигнам до докторкава од кичево...отидов кај претставничкава на консултација искрено не бев нешто оптимистички настроена, мислев ќе ми шитне производи од нејзините брендови и пак се ќе виде за џабе...ама сум се излажала...ми даде рутина од 4 производи од биодерма лицево во рок од 1 месец стакло ми се направи...не рекламирам искрено ама ако има некој како мојот проблем секаде ја фалам и кажувам...буквално ме препороди...е сега имам по некоја акна во пмс ама претходно лицето ми беше ужас....Претставничката се вика Еми, прашај во аптеките во твојот град дали доаѓа, барем моето искуство е препозитивно
Користам витамин Ц и ретинол серуми, од истата линија, тековна, во комбинација со мицерална вода за чистење на лицето. Ноќната ја користев едно време. Задоволен сум.
Го користев некои 9 месеци. Супер ми беше ама моментално не осеќам дека имам потреба од хидратантен крем, и немам ставено некои добри 3 месеци. Дали грешам? Имам комбинирана накај мрсна кожа, особено челото.
Ве молам за помош. Значи лицево ми е спржено од една крема, во аптека ме гледаат као нешто да знаат и ми дадоја 3 креми ни една не помогна ( две се бебешки, од кои едната еднаш ме има спасено) другата е некоја корејска. Денес на ветер уште толку ми се изритира, дајте кажете некоја за изритирана кожа, преосетлива, како да го смирам. Ме пече, ми се затега скроз
Ѕирни ја оваа, пантенол со витамин Е. Баш за изиритирана кожа е. Има уште една со арган, таа ја користам јас како ноќна крема кога лицето го осеќам суво во некои делови. Одлични се, ама само на Ананас сајтов ги има, а аптеката е од Пробиштип мислам. https://ananas.mk/proizvod/dukafarm-pantenol-so-vitamin-e-30gr/2012340
Јас почнав да ја користам оваа пантенол крема во комбинација со лосионот на CeraVe. На зима кожата ми се затегнува ептен па со овие две креми ми се прероди. Пробај ги двете во комбинација или само оваа со пантенол.
Чим корејска ти дале сигурно во Зегин е, нови производи сеа па ајде да ги шиткаат. Со медицинска козметика нема утка - барем не во моето долгогодишно искуство, мене ми е оваа спас, има и верзија со спф50 ако си на сонце изложена повеќе. https://www.laroche-posay.us/our-pr...YZWr5_icYgEvGbFM3AwaYHq9IUEFnZRK2jXww3RYSEMKf
Ти ја препорачувам true alchemy emulsion with hyaluronic acid and betaine, баш е за сува, дехидрирана и осетлива кожа. Ја купувам од ДМ (заради поевтина цена) ја има и во белина https://bellina.mk/prodavnica/nega-...emulsion-крема-со-хиалуронска-киселина-1-бет/
Ја имам цицапласт Го имам, како што еднаш го ставив, така си стои, воопшто не ми помогна. Знам дека е фален доста ама мене ме печеше на лице и уште толку црвена станав. Еве 4ти ден кај што сум благо потечена и црвена и сува кожа, денес не ставив ништо од страв, оток ми спадна ама е шмигла суво. И ова се дешава пример 1 годишно, небитно кое годишно време е. Дополнително ми влошија состојба кремите и ветерот
Девојки, јас сум во САД и за околу месец, месец ипол ќе доаѓам во мкд. Дали некоја од вас сака да и донесам нешто од овој бренд за цена, 10 евра повеќе од таа на сајтпт(ради данокот таму). Има некоја акција моментално па ми одговара да купам повеќе. Разгледајте на сајтот.
Препорачајте крема за нормално кон суво лице, ме чеша премногу кожата..На клима сме имам и навлажнувач и џабе...Гарниер и нивеа користев до сега..