Зелениот гел за чистење од Себиум линијата, Керато плус кремот за денски, Night peel серум за навечер и после ми воведе и вит ц за избелување на акните...Навечер/ или кога чистев шминка користев и масло за чистење на шминка ама ми рече кое сакам да го користам па користев прво од SKIN1004 сега користам едно од Балеа
Девојки, ми треба ваша помош. Моментално ја користам Цикабио против црвенило на Биодерма. Добра е, но не ми дава потполна влажност. Имам сува кожа. Која од овие креми би ми биле попогоден избор? Се мислев некоја на Уријаж, Шисеидо или Клиник.
Оваа на Новексперт е супер , во Белина ја има. Можеш тестер да си земеш да си пробаш прво Од Уриаж не сум користела креми, за Клиник би ти рекла да не си фрлаш џабе парите. Се е преценето, толку години ги користев и не се ништо посебно барем според мене. Ако сакаш од Шисеидо, оваа е за по сува кожа
Не живеам во Мкд, не можам да ја пробам вп Белина. Ама ќе пробам на Нотино да ја најдам. Ако не, Шисеидо ќе е. Ужасна реакција ми направи вчера хијалуронската, морам да го оправам лицето. Фала ти
Да зависи во која земја си, јас во Грција живеам тука ја има Новексперт од скоро. Друга што ми текнува е на Др.Хаушка од роза кремата исто ако ја најдеш и таа можеш да ја пробаш. Од нив има мали сетчиња од 5мл колку за проба и во некои држави можат да се најдат.
некој да ми препорача убава ноќна крема за мајка ми, се мислам меѓу многу, а не знам многу што одговараат на возраст +55, главно за хидратација, намалување на брчки итн