Не се на природна, ама мн се добри. Јас од тие на природна база си патев многу, раатот си го видов со овие. Инаку ѓи има по аптеките.
Користев секакви, Лореал со q10, па со хијалуронска киселина па со витамин Ц, уште какви не, на крајот завршив со обична Нивеа софт и најдобра ми се покажа
Лореал имаат една линија 60+, може да види дали ќе и одговара. Дневна и ноќна крема беа мислам, мајка ми многу ги бендиса, и се погодија ептен.
Оваа е многу добра, но има малку чудникав мирис Мене од премногу фрлени пари за секаков тип на козметика, за акни (веројатно беа бактериски, бидејќи хормонски бев ок) најмногу ми помогна нанесување на умеррна количина 3% хидроген, навечер после чистење на лице. Важно е да не се претера со користење за да не ја исуши кожата
Ја користам оваа обичнава и таа со 50 фактор за лето. Може некој да ми каже како точно се изговара кремава? Цицапласт или сикапласт?
Мислње за кремава? Барам дневна крема што ќе хидрира и да можам да ја користам под пудра. Таа што ја имам на Биодерма ми ја прави пудрата портокалова. Инаку имам проблематична кожа, па затоа ја избрав оваа линија, но може и друг предлог.
Супер им е оваа линија на Еуцерин, за мрсна кожа е топ. Мислам дека ми е користена оваа, и ми се допаѓаше како се однесува на лице, не е мат ко повеќето за мрсна кожа.
Ако ти требаат и други предлози, ѕирни ја и од Пурито, oat нешто има во името. Гел кремче е, многу фино се однесува на кожа, нежна е, со некои смирувачки ефекти и супер хидрира. Плус голема туба од 100мл е. Ја пофалив мислам пред некое време и сè уште си стојам на тоа дека ептен ми се допаѓа.
Еленче, Која крема од Биодерма ти ја прави пудрата портокалова? Јас ја користам Керато + преубава ми е и за под под пудра и за навечер, никогаш не ми ја направила пудрата портокалова...за проблематична кожа е кремата...јас ја обожавам