Тогаш од мене препорака за Керато + од истата линија, мене ми е преубава и за под шминка и за денови кога не користам шминка, препорачана од дерматолог, има салицилна и малична киселина и мене ем ми се погоди за под шминка и плус ми помогна за акните...скапичка е околу 1000 ден ама на 25-30 % попуст се исплаќа
Нема никаков мирис, пишува дека е за осетлива кожа и ми се чини како да прочитав дека нема парфеми. Мене ми е супер за мојава комбинирана кожа. Ми се допаѓа како го хидрира лицето, супер е и за посувите делови и за Т-зоната. Би ја купила пак за да си ја користам кога времето е потопло, баш ми прија тоа што е геласта.
https://esoapery.com/shop/lice/serum-so-vitamin-c/ ова за мене е најдоброто нешто за сега ,веќе на 3 то шишенце сум и можам да кажам е нешто најдобро што сум го открила
Каков ефект остава на лицето? Прашувам бидејќи true alchemy ми даваат некој "сув" ефект, многу брзо се впиваат и лицето ми е суво, непријатно чувство ептен. Моментално користам revox и сите производи им се со кремаст завршеток, кожата ми е заситена и 'масна.'
Јас имам доста сува кожа,откако го нанесувам масирам убаво си се упива а кожата воопшто не е сува.Секако нанесувам и минералрн крем со фактор а исто така и попрепорака на дерматолог поради сува кожа корситам cera ve .Конечно си го најдов решението ....
Дали ја има некоја користено оваа крема, дали е добра? Дури е намалена да ја нарачам ако вреди. 36 години, нормална кожа, барам нешто добро со пептиди. @Mishela @koritsaki пак ќе ве тагнам за помош, се ми се има погодено што препорачувате.
@Mishela да, од Haruharu. Договорено, ако ја нарачам ќе пишам коментар како сум задоволна после некој период.
Sebium hydra на Биодерма не ми се погоди. Првиот пат беше ок, ама после тоа ужас. Ми се појавува црвенило на лицето исто како да е изгорено од сонце. Некој со вакви несакани ефекти? Додека Биодерма Керато ми е ок, нема несакани ефекти.
Здраво на сите! Дали има некој што ја користел кремава да ми каже дали помага за флеки од акни? Дали е подобро да ја земам оваа или серумот на Еуцерин triple effect? И некој да ми препорача најобична хидратантна крема како подлога за шминка, јас ја користам на Зиаја со краставица но сакам да ја сменам, 22 години имам па да не биде некоја тешка за постара кожа.
Предложете крема од која сте задоволни за мрсна кожа, со проширени пори, подложна на акни, 35+. Некоја со лесна текстура да не ми се мрси лицето по нанесувањето.
Update за кремата да дадам, една недела ја користам ама многу сум задоволна засега. Малку е погуста, богата е, не е за мрсна кожа и в лето може да ми е потешка ама за навечер е супер. Мислам и за танките линии на чело ќе делува по некој период, како помалку видливи ми се од што хидрира добро.
Супер, фала за апдејтот. Да ја имам предвид за некое наредно купување. И јас би ја користела како ноќна крема, пептидите се полн погодок во вечерна рутина.
Od zeneta kaj niv se kupuvat licno 800den e za suva koza za hidritacija od bio baza e i mnogu e dobra