Не знам зошто ова го доживуваш како шоу или карање, јас само ти посочив дека си грешка во врска со цинк оксидот. Ти дадов и линк од Алкалоид каде пишува дека имаат бебешка крема со цинк оксид, а ти на тоа реплицираш дека немаш крема со цинк оксид од бекутан? И многу нормално дека во големи количини не чини, па побогу што чини во големи количини? И водата е штетна после 5 литри. Нејќам да се добие грешна претстава за нешто што апсолутно нема врска.
Има посебна крема Бекутан со цинк оксид, мислам од лани или од пред 2 години е во продажба. Цинк оксид се користи дури и за лекување на рани, што значи и за оштетена кожа е супер. Секоја хемикалија е мање више штетна, но дека ќе се деси чудо од нешто со што се мачка бебешко газе сигурно нема. Плус чим Бекутанот со цинк мене не ми направи алергии значи стварно нема ништо штетно Поздрав
Ама луѓе јас не кажав дека цинк оксидот ќе не убие ако се намачкаме еднаш побогу, туку дека е штетен како и секоја хемикалија. Јас не ги знам производите на Бекутан кои имаат цинк оксид, никогаш не сум користела такви, во тие што ги имам дома нема цинк оксид, тоа и го посочив, не реков дека во апсолутно никој нема (па не сум будала мајко му стара, коа ми даваш линк да кажам дека во сите нема). Не е важно грешно сме се разбрале, се извинувам за недоразбирањето и се извинувам на модераторите за офф топик, ама моравме да се разбереме
Па ако е така, тогаш сите креми, лосиони и сл. се штетни. Патем еве што пишува за ZnO, а јас се согласувам. Во школо имаме правено разни креми со ZnO и ниеднаш никој не ни кажал дека е штетен, а напротив.
Се согласувам со She,со сигурност цинк оксидот не е штетен,да бил немаше алкалоид да го ставаат. Здраве мене кремата ми е сомнителна поради цената и останатите состојки,цинк оксидот не ме загрижува. Креми за лице користам од било која фирма само да е препорачана за лице а не како нивеа софт-на која е назначено дека е за цело тело,не дека на некои не им одговара...ама ете мене такви - не
За што се користи обичната Здраве крем, а за што Здраве со цинк оксид ? Гледав сега слики има и без и со цинк оксид изгледа... Или исто е? Сакам да си купам за мозолчиња на лицето ако ми излезат да си ставам само на местото, ама да не ја утнам да земам некоја погрешна. Затоа да прашам ако можи некој да ми одговори
Ако сакаш за мозолчиња треба таа со цинк оксид да ја земеш. Мене ич не ми помогна,али пробај може тебе ке ти помогне.
денес ја купив NIVEA SOFT a имам комбинирана кожа (НА Т ЗОНАТА МРСНА ) нз дали го направива правилниот избор ?
И јас ја користам истата. Ми се допаѓа што е за над години и за моите 13 години мислам дека е добро. Сакам да не биде штетна Се надевам не сум згрешила а и брзо се впива и не е толку мрсна и и одговара на мојата мрсна кожа.
Океј си згрешив, се консултирав со баба ми (докторка е) и ми кажа дека цинк оксидот не е толку штетен, мислам штетен е како и секоја друга хемикалија, ама не до толку. За Бекутанот си кажав веќе ги користам старите производи кои немаат цинк оксид во нив и затоа тврдев дека во тие што ги имам дома (не сите производи) нема цинк. Како и да е, само сакав да помогнам, во никој случај обратно и тоа е тоа. За да не бидам офф топик, ја земав нивеа софт - преубава крема одма се впива, неверојатно нешто. Презадоволна сум. sakamte и јас имам комбинирана до мрсна кожа и преубава е, презадоволна сум.
Моментало ја имам оваа и задоголна сум. Добро се покажа, убаво ми го прави лицето а и ми се доаѓа мирисот на камилица, нежен.
јас имам од Аvon од краставица и од зелен чај,многу добро се покажа,не свети на лицето,хидрантна е и многу брзо ја упива лицето,а и многу добро ми се меша со пудрата