Нема инфлуенсерка што не и се допаѓа кремава, аха важи. Не сум ја пробала поради составот кој според мене е ужасен, полн со минерални масла.
Јас ја користам, не сум инфлуенсерка преубава крема, дадена ми е од дерматолог, кога имам суви делови предизвикани од било што, само таа ми ги средува...за составот неможам да коментирам
Ако си склона на акни, не си ги троши парите залудно. Имам масна кожа со изразени пори, кремава лом ме направи.
Дали некоја ја користела кремава за лице од Алверде? Вака океј ми звучи, ме интересира каква формула има и дали е лесна/тешка. Ја мерачам ко за навечер, во комбинација со истата крема за околу очи.
Јас ја користев ама тешка ми се гледаше. Мислам дека премногу ставав , јас пак би и дала шанса. А ноќната ја имам и супер е ми одговара
Ја коментиравме во делот за креми со заштитен фактор јас ја користам одлична е. Не е тешка на лице изгледа малку погуста од стандардните креми ама доволна е мала количина. Се размачкува супер малку време треба додека да се впие и супер е како подлога за лице. Е сега ме привлече ноќната,следно неа би си ја зела
Не приметив дека има и ноќна, јас планирав оваа дневната да ја користам навечер. Ќе ја видам и другава, фала ви и на двете.
и јас не знаев за ноќната @koritsaki сподели. Ако користиш крема со спф (сигурно користиш налето) оваа дневнава земи си ја за есен/зима
Да има, еве ја Погуста е од дневната, но не е масна или којзнае колку тешка. Не ми го мрси лицето воопшто
Ми нема некое значење дали навечер ќе ставам ноќна или дневна. Спф секако користам во текот на целата година, а најчесто овие креми обележани како ноќни ми се потешки, па затоа кога е потопло ја бирам дневната варијанта и ја нанесувам навечер. За во зима може ноќнава, засега мислам дека ќе одам со дневната верзија.
И јас ја користам ноќната, супер ми е. Првиот пат ставив многу бидејќи не знаев колку треба и ми беше тешка. Вториот пат ставив малку и одма беше подруго. Густа е, доволна е мала количина и не е мрсна има како некој мат завршен ефект. Лицето насабајле ми е преубаво и нежно. Јас се мислам да ја земам сега и дневната, па сподели искуство ако ја пробаш
Важи, решив дека сигурно ќе ја купам, па ќе споделам како ми се допаѓа кремава. Мислам дека ќе ми биде добра за летниов период, па ќе кажам како навистина ќе испадне на крај.
@macka91, видов дека си ги купила серумот и кремата на Еуцерин - Еven -Pigment Perfector па ме интересира дали си задоволна и дали има некој ефект? Јас имам флека од сонце на челово па сакам за тоа да ги земам.
Го користам редовно ама користам и други производи со таа намена за флеки, имам разлика дефинитивно. На месец дена обично го сликам лицето и се приметува разлика.
Мене ми се одлични, имам лице склоно кон акни и не ми се појавуваат нови од овие 2, контролирано ми е лицето и подобрено ептен во овие 4-5 месеци.
Добра е Биодерма Керато плус ја користам заедно со синиот и зелениот гел за миење лице, за разлика од Биодерма Хидро. Таа ми прави црвенило. Која и да ја купам Биодерма, Виши ја користам кратко време и некако повторно се враќам на Еуцерин. Како најубав и свиленкаст изглед имам од неа. Првично ми беше мрсна сега не ми е. Си ја нарачав пак, на попуст е сега. Исто и зелениот гел за миење лице.
Glow Recipe витамин Ц користам, наизменично со Nacomi витамин Ц. Од Ordinary нијацинамид ставам насабајле после витамин Ц, крема и после спф. Навечер ставам од Еуцеринот и Centella brightening. Два пати неделно користам и од Ordinary glycolic acid тонерот. Од бременост и од сонце многу ми беше ишарано лицето, не дека сега е стакло ама сум задоволна од разликата. Читав доста дека кога се работи за хиперпигментација и треба подолго време за да се види резултат.