Изгледа така ќе биде. На гугл ја нема во МК, а многу доври се покажаа. Дури и за себе земав неколку, па и за моја овер 50 кожа се супер. Нешто како цераве ама не толку масни. Мислев да не има на инстаграм со испраќање пи карго ама ништо, солун не бега
Оваа аптека од Грција испраќа во странство , читам и за држави што не се во ЕУ. Само контактитај ги колку би била поштарината. Boxpharmacy.gr e аптеката. Јас мислам по ти се исплати да тркнеш во Солун. Истиве ги има и во Хондос центар
Ејјј да, хондос центар! Проверив испораката, не им е скапа. Ама, заради вредноста на пратката ќе сум морала да платам царина дефинитивно повеќе се иплати да одиме до Солун
Препорака за крема 30+? Лесна да биде, нелеплива, а сепак економична. Да има некој ефект Може и препорака и за ноќна, секако помрсна
На Алверде со q10 Е сега за ефект , мислам серум по би помогнал за некој ефект на лицето, зависи од твоите очекувања. Јас сум многу задоволна. За преку ден јас ја користам hydro кремата на Алверде , а ноќна таа со q10. Мене супер ми се.
Ефект преку ноќ не може да има. Кремите се користат како превенција од стареење. Ефектите се забележителни на долги стази. За 10 години, кога ќе направиме споредба со другарки кои не се негуваат ќе изгледаме помладо. Изборот на крем зависи од типот на кожа. Ако имаш комбинирана/мрсна кожа, осетлива на алкохол, ти предлагам Haruharu wonder black rice spf 50 Natura Suberica night cream blueberry или Natura Suberica snow cladonia night cream. Ми траат по 2 месеци со секојдневна употреба
еее, еве баш за нив прашував На малата (15) и земав Цетафил и имаше толку добри резултати, што почнав и јас и големата ќерка (25)да ги користи. Истиот проблем, црвенило и акни повремено. Од све што пробавме овие не средија. Ама ги нема во МК
Еј фала ти за препоракава, баш ќе ја земам следно. Го користам серумот од Биотен Hydro X-Cell и презадоволна сум. Баш ќе ја пробам и кремава
Јас пак серумот сакав да го купам Немам проблематична кожа ич(акни,црвенила).Ама ми е доста сува и често лицето ми делува како дехидрирано.Кремава ептен ми ја освежи кожата, ми сјае и мека е мн.
Исто и јас. Имам сува кожа а не сум имала проблематична кожа до сега. Препорака за серумот земи го, стварно е добар мислам дека и супер би бил во комбинација со кремава
Какви се кремите на Биотен, со какви состојки се? Денес само видов на рафт имаше повеќе, ама немав време да читам состојки и намена. Ако се со добар состав наредно да си земам.