Мислам дека не се со некој природен или не знам каков состав, ама не се нешто лоши кремиве. Барем така ми останале во сеќавање, две имам пробано но поодамна. Едната беше со екстракт од дуња, а другата со некое розово цвеќе на кутивчето. За цената тогаш (200 ден. +/-), не беа лоши. Од новите не знам, сигурно се имаат сменето/подобрено, ама немам искуство. Би сакала да слушнам впечатоци и јас, ако некоја користи Биотен крема.
Машала, некој рибрендинг правеле изгледа па цените отишле нагоре. Како Ziaja беа со цените отприлика. Ќе разгледам што сè имаат моменталните линии на Биотен, па ќе пишам ако нешто купам.
Кај нас во ДМ има производи Микса?! Јас имам забележано во странски ДМ маркети, кај нас не… или грешка сум?
Дали некој ги има користено корејските креми во Зегин? Прв пат вчера видов дека има, неколку производи има, доколку пробате пишете искуство.
јас ја земав пред некоја недела ма д-р Хедисон со пептиди ми ја ппфалија мноогу,релативно кеќрагко време ја користам,но убава мине на кожата ки одговара.Да напоменам дека јас имам сува кожа.
https://www.annifarm.com.mk/product/apivita-just-bee-матирачки-хидратантен-крем-40ml/ https://www.belafarm.mk/preview/pro...eS727GPegLO46BIXBX_aem_E9zIYaiO6YUKIuqDIIx2Rg
Дали некој ја има користено кремата на dr. Althea 345 relief cream? Да споделите искуство, каков ефект има?
Знам дека за Вас не е ништо ново но мене ова денес ми е откритие на векот, ми се дехидрираше кожата на лицето од клима(на топло) и од силни ветрови надвор. Случајно ја пробав кремата од цимерката и кога осетив и видов како се понаша на мојата проблематична дехидрирана/масна кожа веднаш отидов во аптека да ја купам. Кремата инстантно го омекнува лицето, дава природен сјај и не е мрсна воопшто, онака ми е мат/сјај комбо. Перфекција! Ќе се вратам во мк со залиха, не знам дали ја има кај нас.
Не знам дали станува збор за истата крема, кај нас ја има оваа. И јас ја имам користено, ми помогнала https://zegin.com.mk/mk/galenika-pantenol-5-krem-30-g