Порано кога првпат ги донесоа беа многу подобри, сега врска немаат. Од лично искуство ова. Стопати се покајав што купив пак. Го ставам секој ден, ко да не сум ставила. На влажна кожа се користи, хијалурон секогаш така се става, на навлажнета кожа. Никогаш на суво, оти ја влече влагата од кожата.
Пред неколку години го имав тој со 7 вида хијалуронска киселина, ми остана цел неистрошен. Не можам да се сетам зошто не ми се допаѓаше, па ми текна сега обичниот да го земам ама после ова…
Од кога почнавте со Antiage козметика? Што мислите за Uriage брендот? Гледам има некои попусти па мислев дали вреди да купам нешто...
2,3 недели ја користам оваа крема на Биодерма. Јас имам нормална до комбинирана кожа ама во ладните денови секогаш користам некоја за поголема хидратација. Оваа е за сува и многу сува кожа мене супер ми одговара а кога ќе фатат минусни температури се надевам уште подобра ќе ми биде. Лицето го прави многу мазно и меко. И претходно користев друга на Биодерма исто и таа ми беше убава само далеку поисплатлива. Дури сега видов дека е 40 мл а околу 1200 ден е. Што значи за месец дена. Најверојатно ќе се вратам на другата поекономична варијанта нема скоро ич разлика .
Оваа е другата, кај мене има исти ефект на лицето. И двете ми се убави и лицето е хидрирано. Разликата е што помалата е погуста крема. Сепак да ја дотрошам пак на оваа ќе се вратам, далеку поисплатлива ми е.
Додека ги немаше никаде кај нас, сега уште во пекара ги нема од секаде ми излегуваат Една феминка беше пишала нешто за тело од нив користела и супер било. На инста гледам српските инфлуенсерки сите ги фалат, е сега јас во нив ич не верувам па ќе си чекам повеќе искуства на форумот.
Комбинирана, нормална и чувствителна, имаш повеќе избор во Зегин, за каков тип на кожа и да ти треба, од истава марка. Јас ја земав и дека во состојките има Niacinamide и Hyaluronic Acid. Многу сум задоволна, а бев скептик.