За кој поточно лосион зборите? Не можам длабоко да ја исхидрирам кожата на лицето. Не наоѓам погодна комбинација.
Овој. Ама земи си го и маслениот гел во комбинација исто на Cerave. Мене тие ми го спасија лицето инаку ми се перутеше од сувост.
Не ми се свиѓа мирисот, суптилен е, но како нешто медицинско. Добра ќе е сега за во зима, но од пролет ќе барам некоја друга И нормално ја користам само за тело.
Ова не е за тело? Или јас нешто не разбирам. Толку е добро за лице? @eli.karameli јас сум епетн задоволна за хидрирање од COSRX еџенцијата со служ од полжав. Ја ставам прво есенцијата па потоа крема (во моментов Конопка). Од Корејска козметика не сум одушевена се што сум пробала го немало кај мене ефектот што треба да го има освен оваа есенција.
@koritsaki го купив овој гел. Го искористив 2-3 пати и добар е овака. Ми го препорача продавачката. Иначе не е купен од кај нас.
За лице е, ама и за тело можеш. За моето лице е најдобрата крема што постои, не знам колку пакувања до сега имам истрошено. Која крема и да ја купам не ми одговара толку, пак се враќам на оваа.
На CeraVe страната го дава под лосиони за тело. За лице се помали пакувањата. Ми беше сомнителна големината на пакувањето затоа прашав. Пишува дека може и на лице, ама го дава кај тело.
Го имав и малото пакување, ама не ми е исплатливо, затоа големото го земав. Може го дава во лосиони за тело заради големите пакувања, којзнае.
Тежок е малку, ама убав е. За зима супер како ноќен крем. Во лето не баш, малку повеќе светнува Т зоната. Ама генерално одлична нега дава.
Полесна е, да, ама пак богат и хранлив крем е. Брчки не измазнува, ама ја освежува кожата. Јас маслото од смил претежно го користев, сменив со креми, ама сепак маслото е подобро од нив, бар за мојава комбинирана кожа..
Комбинирана, нормална и чувствителна кожа на лице, склона кон акни, порано имав сега веќе немам чисто ми е лицето, и не знам што да користам да не ми се вратат повторно имам 31 година, препорачајте секојдневна крема?
Dr. Althea 345 relief cream. Погодна е за чувствителна кожа склона кон акни. Мене ми е предобра кремава, веќе трето паковање ќе го почнувам.
Каква е оваа крема која е цената? Јас пак мислам лосион за тело е, страв ми е да не ми се поврнат акните?
Во зависност од мл има различни цени, сега сигурно е на попуст во аптеките, ѕирни на сајт. Јас имам сензитивна кожа и немав некои негативни реакции, така да не можам да замислам друга крема да користам сега.