Периодов ми е многу сува кожата во делот околу устата и образите, а инаку имам претежно мрсна кожа особено Т зоната. Веројатно сега поради студеното ми е посува и затегната. Земав крема CeraVe moisturizing cream пред месец дена и ич не ми се погоди, кога ќе се намачкам на тие посувите делови ме пече и пржи, ми иде да си го откорнам лицево. Дали имате некоја препорака за хидратантна крема што не прави вакви иритации на веќе изиритирана кожа? По можност да е до 700-800 ден.
Веќе две недели ја користам кремата на Конопка анти ејџ, мислам дека за сите типови кожа беше јас сум со комбинирана и ми одговара. Не знам како досега не сум ја пробала за малку пари супер е. Скоро се ми се погодило од Конопка дефинитовно ќе продолжам да ја користам
Оваа крема дали некоја ја користи? Не знам зошто иако е геласта, лицето потоа многу ми свети. Едвај да ја потрошам, уште од летото ја користам. Ги користев кремите на Алверде со q10 и добри беа , ама ете реков да сменам. Вчера ја купив оваа, дали некој ја има пробано?
@koritsaki Кремата (centella), не ја имам користено, ама стикот за пори нивниот, многу добар ми се покажа, оваа да не е за многу сува кожа, па затоа е ептен гелеста?
Да и јас стикот го имам и добар е, ама кремава ми го масти лицето. А мрсно лице имам , тзоната поготово. Ќе ја пробам и оваа на Балеа , па ќе видам.
Па да, мислам дека е за премногу сува кожа, обично тие гелести креми, се 99% за сува кожа наменети, оваа на Балеа ми е сомнителна искрено, Балеа ретко добри производи за лице има, барем мене не ми се покажале ич.
Јас па немам пробано креми од Балеа до сега, реков да пробам и да не ја бива нема да ми е жал, евтина е. А другава ништо ќе ја дадам на некој со сува кожа.
Од сите креми кои ги имам пробано повторно се враќам на Еуцерин Аквапорин за комбинирана кожа. измазнува, не ми е тешка и не е месна. Лесна крема е. Пак земав две пакувања, на акција е до утре во Зегин 945ден инаку е над 1300ден.
Dr. Jart+ Ceramidin е одличен крем, особено за зимскиот период и за сува или чувствителна кожа. Формулата со керамиди навистина помага да се зајакне кожната бариера, кожата станува помека, поеластична и длабински хидрирана. По неколку дена користење забележав дека чувството на затегнатост и сувост значително се намали, а кожата изгледа поздраво и помазно. Текстурата е богата, но не е тешка и брзо се впива, што го прави погоден и за дневна и за ноќна нега. Особено ми се допаѓа што не иритира и остава пријатно чувство на удобност на кожата. Јас го купив во Fabu Spot, каде што имаат големи зимски попусти, по многу добра цена.
Оваа на Балеа ја користам во текот на целата година. Колку толку врши работа. Ми се сушат акните и немам црнки.