Мене преубави ми се од EYENLIP оние sleeping pack маските во големи туби од по 150мл. Мислам дека околу 1000ка се во Елокси, ама ги сметам за budget friendly поради големата количина. Огромна туба е, едната е со колаген, а другата со пептиди, церамиди нешто така. И двете одлични, супер хидрираат и лицето ми е баш убаво по нанесувањето, добива plump ефект и одличен природен сјај. А ако сакаш нешто баш класика со пристапна цена, тогаш Алверде дневната крема со роза е топ избор. Јас имам комбинирана кожа, но одлична ми е кремата.
Презадоволна. Инаку, јас имам масна кожа, која зимскиот период се нормализира колку толку. За зима ми е супер кремава. Меѓутоа штом се потстопли деновиве, премногу почнав да се мастам, заклучив дека е од неа, па ја паузирам деновиве. Ако немаш масна кожа, ќе ти одговара.
Здраво, Да побарам совет за моето лице Лицето ми е со опуштен тонус, уморно, со пори и црнки и со нормална до комбинирана кожа. И веќе брчки меѓу очите (43 г сум) Купив Нивеа Q10 ама не ми одговара. Имам и серуми Ниацинамид и Хијалурон, ама поретко ги ставам. Сакам нешто да ми ја освежи кожата , да не делува толку уморно и со многу неправилности, бидејќи која пудра и да ја ставам околу носот и меѓу очите не ми се размачкува и многу лошо изгледа. Ја гледав Еуцерин ама не знам дали вреди за парите , бидејќи доста често купувам креми/пудри па не ми одговараат и ги фрлам.
Јас исто вака како тебе лутав, и бев во coslovemetics и ми препорачаа крема точно за мојата кожа. Таму најдобро ќе те видат и според она што го бараш и што гледаат ќе ти препорачаат. Јас си најдов кај нив СПФ што веќе две години го користам, како направен за мојава кожа е. Сега си барам уште дневна крема
Имаат во центар една, кај Гиро Беко, имаат во ист гејт, во сити мол во склоп на бебе хоум и во аеродром во склоп на бебе хоум. Имаат повеќе. Инаку цените си се соленки, јас пример спф-ов што го користам го купувам секогаш кога има попуст па и да постои во шкаф знам дека ќе го користам. Отприлика сигурно илјадарка ќе дадеш за крема ама вреди ако ти се погоди на лицето.
Е супер, фала ти. Добро, битно е да се добри. Јас дадов 750 д за Нивеа , па не ми се погоди баш. Фала ти на совет
Таман работа. Јас давам совет од лична перспектива зошто долго лутав па си најдов. Е сеа не мора и од таму да е, ги имаме и yeppeuda итн ама битно од некаде да појдеш па после сама ќе видиш што ти одговара. Јас и на мајка ми ѝ најдов потоа креми од таму, што ептен ѝ се погодија
Јас ја имам користено. По употреба ми лепеше на лице. Чудна е како гел е повеќе. Не е за чувствително лице
Дајте ми хитно некоја крема што би ми дала "glass skin" ефект. Пресува кожа имам, што и да ставам ми се упива одма и пак ми е сува. Препорачливо во ДМ да ја има зошто немам време да барам или порачувам.