Јас си користам Бекутанче и многу ми е погодена, после долго барање на иделната крема за лице ја пронајдов и немам намера да ја менувам
јас имам ужасно мрсна кожа,што ме доведува до лудило инаку имам користено многу кремови-нивеа,докторс,афродита итн ама не сум задоволна од никој,светам како со масло да му мачкана да застанам на сонце кога е 35*C можам јајца да испржам на лицето ама господ ми се смилувал и случајно пробав NEUTROGENA -OIL FREE и сум премногу задоволна.лицето ми е чисто и имам чуство на свежина и воопшто не ми се мрси која има проблем со мрсна кожа нека проба,нема да зажали
досега користев essence за комбинирана кожа, беше добра и убаво мирисаше.... но последниов пат купив гарниер за нормална до мрсна кожа која е уште поубава, повеќе не изгледам како да имам ставено масло на т-зоната...
Феминки да ве прашам дали некој ја користел кремава и дали е задоволен? Јас ја земав пред недела дена од дм маркетот од Скопје и сега за сега сум задоволна, одлична е како подлога за пудра, го хидрира лицето и не се светнува како лампион
Јас за мојата комбинирана кожа на лицето ги користам овие крем и гел на нивеа,многу сум задоволна од нив
Пробај ја кремата на NIVEA VISAGE и тоа од зелената линија за мрсна кожа со заштитен фактор SPF 8... Многу е добра !
Jа користев Celestial на Lush,но ми беше многу густа за кожава,и некако не ми се впиваше и ме нервираше тоа што после 2-3 саати ке си го допрев лицето и уште не беше впиена,дефенитивно е за оние што имаат многу сува кожа и сега така ми стои Cега ја имам оваа Vanishing Cream исто од lush,и оваа е одлична е,и е доста полесна,лесно се впива,и е за проблематична,мрсна кожа,помага за акни,и еве една недела ја користам и акните ги нема Jа препорачувам
http://mk.lush.eu/shop/product/product/ ... hing-cream Jac ja земав 40 долари,еве овде на линков види за во Mкд
Често менувам креми поради тоа што со времето некако како да си го губат дејството. Имам чуствителна и нормална кожа на која повремено се пијавува по некоја акна, но користам хидратантни креми. Користев една многу долго време и потоа неможев да ја најдам: Потоа ми ја препорачаа оваа која е навистина прекрасна. Го имав користено нивното млеко и тонер за сува кожа. И плус подолго ја задржува шминката: Има и ноќна крема но јас само дневната ја користам. Имам користено уште една крема која за мене беше претешка но сега мајка ми ја користи. Неможев да најдам слика но тоа е Doctor's Vitamin Cream.
На ова за миење мислиш или...? Не можев да пронајдам крем oil free од Neutrogena, па затоа ова го ставив. Ако не е тоа, ќе можи слика
Dove и презадоволна сум.Баш е погодена за мојата кожа,а понекогаш си ја користам и како подлога за пудра зошто не е воопшто мрсна