Јас имам користено креми на Estee поточно Day wear , Night wear кремите. И матот day wear ја имам купувано. Искрено освен убавиот свеж мирис на краставица, нешто посебно не останав задоволна. Прескапи се и не се кој знае што.
Јас ја имам моментално daywear кремата (тиркизно пакување со златно капаче). Не е нешто wow со оглед на цената. Не е лоша, далеку од тоа. Ама искрено Лореал и обичните нивеа многу повеќе ми го хидрирале лицето. Не би ја фрлила, ама не би ја ни купила повторно. Ако бараш крема види ги на heimish, евентуално Loreal (барем мене засега од две што испробав, и корејска и од останатите како Estee, LA come etc. со напумпани цени) пак се вратив на Лореал (предходно ја користев хијалуронската виолетова крема, сега розевата со рози) и Нивеа (плавото пакување со ружи како вечерна крема).
Долго ја користев Hyaluron specialist (виолетова со СПФ 20) Исто и кремата за подолу од оваа линија Кожата супер ми одговара со оваа линија, ја сменив бидејќи се презаситив и некако имаат сите вештачки мирис. 2) розевата (ставив слика баш во омилени продукти) супер е на кожа, не е многу тешка не е ни како гел. Е сега мислам дека во споредба со виолетовата, оваа не би одговарала на помрсна кожа бидејќи е "потешка" 3) плава со бело (мислам вака беше) нешто со ревиталифт. Ама искрено многу ми беше како гел. Лесна е ама не ми хидрира, барем за мојата кожа не се погоди. Инаку сите ми се супер, не се исфрлам,не ги ни чувствувам како маска. Само што сите имаат боја и мирис. И некако тоа ми ги прави вештачки. А не дека се лоши
Ти благодарам од спф кремата и од истата линија витамин Ц бев многу задоволна, па викам да земам и некоја крема така за проба.
Леле сега видов, ја пишував поракава спиејќи. Сум пишала крема за "подолу". Мислев на подочњаци Ама се разбравме
Ми треба препорака за ноќна крема. Антиејџ. Имам комбинирана кожа. Имам и пори. Некогаш кожата ми е дехидрирана. Ми треба добра ноќна нега
Препорачајте крема за суво и сензитивно лице, од која сте задоволни. Добра ли е La Roche Posay Toleriane Sensitive или не вреди до толку? Ако некој ја пробал Воедно тенк ју однапред и за останати препораки
Јас оваа ја користам и сакам да ја променам да пробам нешто друго пошто сакам да експериментирам. Инаку кремата е топ погодена за сува и сензитивна кожа и сум презадоволна од неа. Сега ќе пробам друго нешто па пак ќе се вратам на оваа и се така.
Здраво, која крема е подобра за топлиот период за комбинирана кожа со масна т зона? и дали се во ред за во бременост ?
Не знам дали зборуваме за истата, ако мислиш на оваа од сликата подолу La Roche Posay Toleriane Sensitive Fluide е една од најдобрите за многу чувствителна сува кожа особено ако имаш проблем со акни. Ја користам со години и ми е ептен погодена. Само во зима ми е многу лесна некако и ми фали повеќе хидратација па ја парирам со по хидратантен тоник и серум.
@MayDiamonds Тенк ју за одговорот Инаку не, јас мислев на: Оваа и твојата доаѓаат од иста линија, но се сосема различни. Кремот е побогат/кремаст на текстура и се препорачува за нормална кон сува и сензитивна кожа. Содржи состојки за длабока хидратација. Ако ти е суво-затегнатно лицето/flaky и склоно како кон егзема. Флуидот е со полесна тексура и се препорачува за комбинирана кон масна сензитивна кожа. За лице што лесно gets clogged, како што велиш погодна ако имаш акни. Свртев тука мислења низ темата и општо сите сте задоволни од таа линија, па баш ќе пробам