Пред 4-5 купив крема од Цера ве, и денес го видов ова. Ама за среќа, не ја содржи таа состојка. ** Ја користам неколку дена CeraVe Oil Control Moisturising Gel-Cream, но не ми се допаѓа. Не знам веќе што не креми имам пробано, никако да погодам. Имам масна, дехидрирана кожа, оштетена бариера. Имате предлог за крема што добро хидрира, а да не е многу тешка? Пс. Најчесто ја користам само вечер.
Јас сум триесет и шест години и многу сакам кога ќе видам негувана и чиста кожа. Но, мојата кожа е склона кон акни но, веќе бара нега. Пробав крем од невен но, само се воспалува. Престанав со користење креми. Немам раѓано немам деца.
Јас ја користам кремата на Оливал и плус нежен слој на Еуцeрин Аквапорин која и претходно ја користев и ми е исто лесна крема. Со гелот за миење лице и кремата на Оливал има огромна разлика, а што уште немав пробано од поскапите, Виши, Еуцeрин, Ла Рош, Биодерма итн Лицето ми е чисто, изедначен тен, нежно, не се мрси, нема црнки, нема црвенило од пресушување. Користам плус ЦЦ од Фармаси. Не очекував дека толку ефтини производи може да дадат толку многу поубав ефект.
https://coslovemetics.mk/product/jumiso-niacinamide-2-oil-control-cream-80ml/ Ако имаш мрсна кожа оваа ќе ти биде супер. Јас ја користам последниов месец и супер ми е. Иако знам често да менувам креми откога ќе потрошам, на оваа би се враќала особено летно време. Навистина е лесна а истовремено хидратантна , не масти.
Ако можеш направи консултација со некоја од продавниците што продаваат Корејска козметика ики во некоја Аптека кога ќе начекаш Анализа на кожа. Ќе знаеш каков тип на кожа имаш и што точно да користиш. Ќе ти предложат рутина ама ти не мора се да купиш од рутината.
Можеш да закажеш во Coslove анализа на кожа и ќе ти препорачаат соодветни производи. Бесплата е анализата.
Ќе прашам. Не верувам да променам нешто но, ќе пробам. Во аптеките не знаат аптекарките ништо конкретно да ми кажат. Благодарам за идејата.
Од правилна нега има итекако промени на подобро на кожата. Не мислев самите Аптекарки туку понекогаш во Аптеките што продаваат козметика доаѓаат од фирми застапници на козметичките куќи и прават анализи на кожа. Мене така во една локална аптека ми направија анализа за производите на Биодерма да ми ги препорачаат. Ми кажаа каков тип на кожа имам и што би ми одговарало. Секако не купувам се од Биодерма ама бирам производи наменети за мојот тип на кожа.
Долго време ја користев оваа ноќна крема, преевтина од Дм, меѓутоа приметувам дека изгледа кожава се навикнала на кремата и некако воопшто ми нема ефект, обично лицето посабајле ми беше ептен мазно сега кога и да се разбудам ми е пресуво. Дали може да ми препорачате некоја крема ноќна од која сте задоволни? За комбинирана кожа.
Оваа ја користам моментално, предобра ми е, за комбинирана кожа, пишува на пакувањето. Има уште две со вакво пакување, за сува кожа и за сите типови на кожа, да знаеш да не ја утнеш. Воопшто не е тешка на лице, брзо се упива и хидратантна е.
Вакво и нешто ми треба и не сакам да ме поти, имам една крема што ја земав на Балеа ептен ме поти. Од каде ја зимаш оваа на оливал?
Од ДМ ја земав, околу 800 денари. Во комбинација со пената ми е топ, во план ми е и тонерот да го пробам.
Од ноќните креми од оваа сум презадоволна. Имам мрсна кожа и добра е иако е похидратантна не ја масти кожата.
Не, не , не пишува за кој тип кожа е туку пишува само дека е за возраст од 30+ Ќе ти одговара со сигурност
50 мл. Мала е, ама и мала количина ти треба за лицето, доволно е хидратантна да не мора да ставаш многу.
Оливал е убава козметика. Алверде исто. Таа со Q10 е топ. Порано ја користев. Мене исто ми се добри кремите на Др. Конопка. Три различни има. Ги има во Белина. Или да пробаш нешто од Корејската козметика. Има многу избор на креми.