Ти благодараам Да да ќе разгледам и во корејскиве, да видам што ќе ми одговара па ќе пробувам. Фала ви на препораките
Девојки, што мислите за оваа ? Имам суво лице https://www.zegin.com.mk/index.php/...ncija-za-zashtita-od-sonce-so-spf-50-ra-40-ml Дали некој ја пробал ?
Дали некој ги им користено кремите за лице на Алверде? Ми треба некоја хидратантна, што се впива, да не ми свети лицето или предложете ми некоја друга од која што сте задоволни, имам комбинирана кожа, еднаш сува еднаш мрсна кај челото
Јас Оваа хидро е 24 часовна крема, јас имам мрсна кожа и ок ми е, не е мат ама па не е ни мрсна кремата. Други што ги имам користено се овие со q10 и се за возраст 30+ исто ми се супер малку се погусти од таа хидро. Од истава и ноќна има. Даваат повеќе хидртација и некако есен зима ги преферирам. Сакам да ја пробам оваа може да ја земам нареден месец
Само Alverde Hydro. Ја имам користено еднаш, супер лесна крема за секој ден, брзо се впива во кожа ама хидратантна е. Првата што ја има постирано @koritsaki така да +1 препорака.
Да се самоцитирам. Ги повлекувам зборовите за кремава. Кремава ми го масти лицево сега кога почнаа жештиниве. Ужас. Значи не излегувам на сонце , кога се враќам од работа ја нанесувам по миење на лицето од шминка и по некој саат вади маснотија мислиш три дена не сум се миела. повеќево корејски производи се преценети , лепливи, дали е до мојава кожа стварно не знам. А иако е 80 милилитри преценета е за тоа што го нуди. Па пишува oil control. Некој друг да ја користел? Си ветувам не давам веќе пари за корејски производи. Значи кремиве на Балеа и Алверде се 100 пати подобри.
Не сум користела ништо од овој бренд. Ја имаш пробано Hydration station од Geek&Gorgeous? Таа е одлична за во лето, со лесна и хидратантна формула. Другата, Happier barrier ми е топ за во зима, со малку потешка формула ама не тежи на лице. За моето лице и двете се покажаа топ. Имаше и една од Пурито што ми се свиѓаше, ама откако направија рибрендинг некако не ми е тоа тоа, па ретко купувам нешто од овој бренд. Јас само што ја дотрошив Балеа ноќната што ја пофали @bookslover. Фала што сподели за кремава, стварно топ зделка за тоа што го добив. Цената беше 150-160 денари, а кремава е одлична. Не сум ја пробала дневната, можеби би ѝ дала шанса некој следен пат, ама ноќната за во вечерната рутина ми беше супер. Јас имам комбинирана кожа со мрсна Т-зона и супер ми беше кремава цела пролет. Со маслени серуми (во моментов имам еден ретинол од Биотен што ич не ми се свиѓа, многу е мрсен) малце знае да ми го светне лицето, а со другите серуми што ги ротирам нема гајле. Вреди да се проба, па дури и да не одговара за типот на кожа не е страшно, ептен е budget friendly.
@Mishela Да таа ја имам пробано пред некоја година,ок беше мислам. Туку оваа од Балеа се мислев и јас да ја пробам, се мислам помеѓу таа тие со Q10.
Баш ми е мило што ти се погодила кремата, мене веќе приметувам како да прекинува да ми одговара па ќе си барам алтернатива, меѓутоа искрено за парите многу добра работа врши. Инаку мене дневната крема воопшто не ми се погоди, ми го потеше лицето и некако се разлеваше цела од мене, и еве ја стои на рафт дома. @koritsaki земи ја пробај ја, за 179 денари па и да не се погоди да не ги жалиш
Користам силни производи за третман на акни, поточно бензоил пероксид, адапален(сона) и клотримазол раствор. Ми треба предлог за добра хидратантна крема во ноќна рутина истовремено да е лесна и безбедна за фунгални акни.. Малку потешко ми оди да најдам таква крема што истовремено ќе обезбеди доволно хидратација а да биде и лесна едноставна формула. Некои креми што ги најдов се Hydration station од Geek and Gorgeus и Uriage cica gel cream. Ако имате искуство со нив а со проблем како мојот или имате други препораки, исто така може и некој серум да вметнам (на пример според мене хијалуронска киселина)..
Iunik Beta glucan мене ми е одлична. Многу добро хидрира и е не ми направила никаков проблем со акните. Исто, балм на Genabelle, не можам да опишам колку е добар.
Преголем нуб сум за skin care. Цел живот сум немала проблем со акни, релативно нормална кожа имам, со можеби сува кај носот. Што би препорачале како добра крема? Користам Апивита ама сакам да сменам. Може и од корејскава козметика. Се откажувам од купување кога ќе прочитам аха, бха, ретинол. Знам дека некои од нив горат доколку не се внимателно нанесат, а и воедно појма немам. Ако има некој предлог, би бил добредојден.