Јас ја купив пред некој ден и супер ми е, и јас имам ептен мрсно лице летно време. Не е скапа воопшто , можеш да ја пробаш. А и таа на La Roche-Posay што ја стави членката добра е исто. Само по аптеки ја има не во ДМ
Веќе месец дена ја користам на Алверде ноќната и дневната крема со бакучиол и сум пријатно изненадена. Околу 380 ден една мислам беше ама лицето ми е стакло со нив, не дека имав проблем некој ама сега ја немам и таа една акна во овулација или ПМС што ми се појавува. Не знам зошто оваа марка не сакав да ја пробам, изгледа затоа што Балеа многу пати ме разочара и мислев дека исто е и со Алверде.
Каква кожа имаш? Гледам во составот има доста масла, не знам дали ќе одговара за комбинирана со црнки. Имаат и ваква за околу очи, може да ја пробам.
Комбинирана кожа имам, не сум приметила нешто повеќе црнки да имам, јас само на носот имам повремено, онака немам.
Препорака за лесна хидратантна крема, за навечер после чистењето? Имам комбинирана кожа, налето знае да даде мрсна т зона, а овој период кога е поладно ми е некако сува, но не премногу. Користев од Зиаја крема со алое вера, ми се потроши па сакам да пробам нешто друго.
Јас на Зиаја гелот за миење лице зелениот го користам ептен ми одговара, а од кремата добивав црвенило. Сега ја користам сината на Балеа, лесна хидратантна е, брзо впива, топ (нормална кожа со масна Т зона имам).
Периодов дека преоден почна да ми се појавува сувост, иритација, црвенило на образите и кожната бариера никако да се обнови. Иако бев прво малку скептик, го купив кремов и си реков ако не го бива за лице, ќе го користам за раце. Зачудувачки е добар за таа цена (до 200 максимум мислам дека беше, можеби грешам), позитивно ме изненади така што го препорачувам.
Овој Балеа крем е одличен за периодов. Многу е хидратантен, но има лесна формула и не е тежок, не ја мрси кожата дополнително.
Сакам да пробам некоја крема на зиаја. Од нив само маските сум ги користела предобри се. Некоја крема да препорачате за комбинирана кожа? Погоре баш @Anabelle.Amorette имаше спомнато една. Сакам дачујам повеќе мислења