Оваа ја користам преку ден, ама не сум нешто презадоволна, иако е за масна кожа, после неколку часа пак ми е масно лицето Ова е најдоброто нешто што и’ се случило на мојава кожа во последните 2 месеци колку што ја користам. Феноменална е! Имав комбинирана накај масна кожа, со флеки и неправилности и огромни пори, а сега верувајте лицево ми е стакло! Многу помалку ми се мрси, флеки и акни нема воопшто, а порите од огромни ми станаа дури незабележливи Немате појма колку ми се оправи лицево од кремава, вреди за секој денар! Инаку оваа е ноќна, од линијата Normaderm за проблематична и масна кожа и за намалување на порите. Јас отидов со намера да ја купам дневната од истата линија, ама ја немаше, па ја земав оваа и воопшто не се покајав! И да не биде се’ така розово, Vichy-то ми е при крај, и зошто немам пари сега пак да ја купам, ја купив оваа, ама гледам ја фалите, па ваљда ќе ми биде добра
јас сега моментално ја користам на доцторс од камилица мн е лесна брзо впивлива и кожата ја прави мн мека како на бебе....арно ама...јас сакав да си земам некоја крема на еуцерин а досега не сум користела имам нормална кожа само во пмс ми се појавува некое мозолче и сега сакам да земам на еуцерин па би сакала некоја од вас што има користено да ми препорача! искрено фала
Како дневна крема и подлога за шминка ја користам Докторс кремата од авокадо и преубава ми е. Инаку имам сува кожа така да ептен ми одговара. А како ноќна (воедно и превентива од мозолчиња ) ја користам Здраве
Девојки ај препорачајте ми некоја крема со УВ заштита,само не на бекутан,таа тешка ми е многу за летно време да ја мачкам.И некоја поефтинка ако знаете не е на одмет
Мене во друга тема ми препорачаа Avene но била околу 800 денари. Исто претходно мислам во истата тема дискутиравме за кремите на Еуцерин кои се околу 500-600 денари Скапи се прилично, ама сигурно се одлични... Ако најдеш некоја поевтинка и што лесно се упива, сподели те молам
^ Кремот на Avene со заштитен фактор е околу 1200-1300 денари,а на Eucerin со заштитен фактор 840 од тие поевтините креми што се со заштитен фактор што се наменети и за лице и за тело мислам дека се водоотпорни и се доста тешки посебно за проблематична кожа.
Извинете ме ако пишувам во погрешна тема, но сакам да почнам да користам крема со спф 50 сакам да биде нешто подобро од avene или vichy па може дури и од eucerin но проблемот е што ми треба тонирана значи нешто како крем пудра да биде... Ако знаете дали има такво нешто која цена е и каде може да се најде би ви била благодарна да ми одговорите Инаку ајде да си одговорам на прашањево кога сум веке тука користам повеке креми, во зависност од потребите... некогаш дури и ставам од две користам нивеа за лице со фактор 50 но ми е многу комедогена т.е. ми прави поткожни бели брункички потоа користам здраве најчесто навечер пред спиење, од крка една многу хидратирачка крема не знам како се вика во црна кутија е и усте две од авон таа фамилијарната со овес и камилица многу ми е добра и онаа со краставица за лице што и не ми се допага баш тоа е моментално
http://forum.femina.mk/lice/kako-do-cisto-lice-t1049/1790.html#wrap само што нема некоја плус информација само тоа е во оваа тема
Во Cosmo можеш да најдеш. Прашај таму и ќе ти препорачат, има избор на тонирани креми, ама ако сакаш нешто подобро од Aven и Eucerin знај и цените им се многуу поскапи...
Значи, презадоволна сум од кремава: Таа со плавото капаче, горе-десно! За нормална кожа е со плаво капаче, има и за мрсна и за комбинирана, различна боја им се само капачињата. Хидратанта крема е, која толку многу ми ја омекнува кожата, што како свила ми е после нанесувањето. Порано имав многу проблеми со долна Т-зона, ми се правеа акнички и тоа на брадата од по страните, пред и по менструација. А сега од како го користам кремов, мака си немам. Немам ниту периодични акни, ни црнки, ништо. Предобар крем, 320 денари последно го купив. Топло го препорачувам!
Кремата Здраве може ли за секаков тип на кожа да се користи? И дали би помогнала за ситни брунчиња од алергија и чат пат некоја нормална бубуљичка? Затоа што гледам содржи цинк оксид тој е добар за иритации, а и сите ја испофаливте кремава. Најбитно ми е само да не ми предизвика плус алергија, па ако не делува никому ништо, само да не направи бетер
Здраве за се се користи,дуи и за алергија.Јас ја користам и мн сум задоволна од кремава.Нема шанси да ти предизвика било што.Затоа можеш да си ја купиш и за било што да ја користиш (за акни,алергија,за мазно лице и др)!
По препорака на Роси, реков ај да ја пробам кремава. Bianca е за мрсна или нормална кожа. Ја земав уште пред 2-3 недели, ама неделава почнав редовно да ја ставам секое утро. А јас мислев дека Нивеа висаж за мрсна кожа е добра. Епа оваа е три пати подобра и повтина скоро дупло. 75 милилитри е 190 денари, таа од 100 е 240-260 зависи од каде ќе ја купите. Кога ја отворив некако ми се виде многу мрсна, ама затоа ставам по малку и брзо ја размачкувам и многу брзо се впива. Пу, пу да не ја урочам, не ми се појавија ич бубуљички, а пред пмс знаат да се појави по некоја на чело и кај нос-каде што и ми е најмрсно лицето. За таа цена има супер квалитет, и и ми се свија што нема јак мирис, природно мириса, не сакам кога кремите јако ми мирисаат. Следен пат ќе ја земам тубата, попрактична ми е
^ Кога ви викам јас дека нема подобра крема ретко кој ми верува бидејки е многу непозната фирмава. Ама италијанска е и исклучиво на природна база е козметиката. Има ли подобро од тоа крема со мед да ставаш секој ден? Кога ќе се сетам пред едно повеќе од 5 години какво лице имав, дури завршував на кожни лекари и сите ми даваа глупави масти за лиши. А тоа се било до кремите, а секакви пробав дури и многу скапи. Господ здравје да и даде на една аптекарка која ми ја препорача. Ниедна лиша немам откако ја костам, а тоа е повеќе од 5 години, лицево се препороди Закон е за сува кожа ROSA, а очигледно BIANCA е закон за мрсна Во ДМ видов има и млеко и тоник од фирмава. Мора да ги купам, прв пат ги гледам тука.