Јас си го користам стариот добар Becutan Спојлер Сум ја користела и Dove По катастрофална крема од таа не постои значи. Нити се впива во кожа нити ја прави по убава. Стои на површината на кожата чинам ми се поти лицето..Неа више никогаш. Сум користела и од авон кремите, исто како Dove, катастрофа. Витаминската добра е но многу е мрсна..
Девојки BIANKA кремата гледам ја фалите па и на природна база штом е се надевам е добра дали има за комбинирана кожа? Ви благодарам
Од Cera di cupra воопшто не е мрсен кремот за осетлива кожа тој што е во лилава тубичка,го користев во зимата и бев прилично задоволна нежна мека ја прави кожата,додека Bianca ми беше прилично мрсен крем иако имам нормален тип на кожа.
Јас ја користам павловичева, ми намалува црвенило, ми ја чисти кожата. Задоволна сум само што и треба повеќе време да упие
Порано користев од авон на solutions што излегоа complete balance дневната и ноќната,ама сега ги сменив си користам becutan ми одговара на кожата преубава ми е
Имам пробано свашта... Не постои крема за комбинирана кожа, нема крема која е и масна и хидратантна во исто време... Затоа мислам дека е најдобро да се користи крема со хидратантна основа која не е многу тешка. Идеално би било да се користат две креми, од кои една за масна кожа на челото носот и брадата, а хидратантна за образите. Моментално користам Еуцерин откако ми ја репорача дерматологот, и сум презадоволна од целата колекција. Нема парабен, парафин, нема мирис и не создава иритации и што е најважно , не ми тежи кога ќе ја ставам на лице... сепак, и кремите треба да се менуваат од време на време бидејќи кожата се заситува..
Го користам околу недела дена, ама искрено сум презадоволна! Сепак Neutrogena до сега мислам дека никого не изневериле Мислам дека до негде може да парира на Eucerin иако не е баш медицинска козметика (колку што знам) али по квалитет се тука негде. И покрај тоа што немам мрсна кожа, кремите на Nivea и L'oreal ми го мрсеа лицето и по ставање уште ја осеќав кремата, не се упиваше скроз. Овде го нема тоа, за неколку секунди се упива, дава ептен убаво чувство на чисто и свежо. Нема јак мирис, некој слабо приметлив пријатен мирис. Го купив од Зегин за 323 денари. Не знам за во зима дали ќе ми одговара бидејќи тогаш стварно ми е многу суво лицето, но за лето е супер!!
Од обичната сина нивеа, се префрлив на бекутан со цинк оксид. Ама уживам додека го ставам. Кожата ја прави бебешка, мека, а мирисот е мммммм Кремата не е воопшто мрсна како обичното бекутанче што е, а цинкот помага при редуцирање на црвенилото. Ја препорачувам! Нема потење со неа на горештиниве
И јас ја користам истава крема, веќе неколку години и презадоволна сум од неа.Како што кажа CrazyStupidLove, се упива многу брзо и нема некој посебен мирис.Важно ми беше да одберам крема што ја изедначува кожата и Neutrogena е стварно добра во тоа...
Девојки дали некоја од вас ја користела Dalton Beaute de la mer, whitener care cream? Ја видов во списание, па едвај најдов слика, нешто слично на ова постираново, па сакам да си ја зеам.. Ќе може ли некоја да ми каже дали е добра и од каде ја набавила?
Скоро да ги прочитав сите страни, и неможам да се одлучам што крема да си купам...Никогаш не сум користела крема за лице, освен некогаш павловичева ама мн мн ретко... Имам нормална кожа по целото лице, освен на носот каде што имам црнки... Морам да почнам да користам крема, малку да си го штитам лиценцево... Се мислам меѓу Нивеа Софт и Бекутанот. Мајка ми вели дека Бекутанот стварал влакненца на лицето, дали е вистина незнам. Има ли некоја со кожа ко мојава да ме посоветува што да го почастам моево лиценце?
Јас си купив Нивеа Софт и многу сум задоволна... Пола лице си го намачкав со крем пола не, имаше разлика ко Бог и шеширџија... Многу сум задоволна од Софтот