Јас ја имам онаа за мрсна и комбинирана кожа и навистина мириса на природно, бргу се впива, не светнува лицето од нејзе и не ми создава иритации.Јас лично сум многу задоволна.
Една бугарска крема Дева,и таман ми е за мојата мрсна кожа ,а и многу убаво мириса на бадемче мммм ќе ја изедам
Исто и јас...Еве веќе второ пакување користам и ми одговара на кожата. Првпат вакво искуство со нивеа, обично нивните креми ми се премрсни за моето и онака мрсно лице.
Користам домашен крем за лице. Мајка ми го прави од природни состојки. Во него нема ништо вештачко, а одговара ни сите типови кожа. Сите роднини и пријатели на кои сме им дале да пробаат од кремот се презадоволни. Не дека го фалам, ама лицето ми е како порцелан од него. Се случи баш пред некој ден, една госпоѓа во супермаркет да ме погали за лицето и ми вика: А бе, девојко, што ставаш на лицето што ти е толку мазно?
Тоа е тајна. Искрено, ни јас не ја знам точната постапка. Знам кои состојки се користат, ама соодноси и такви работи, не.
Девојче, а не ми е јасно ако е тајна фамозниот рецепт на кремата, зошто воопшто ја спомна !? Мислам, да бидеме на чисто - сите сакаме убава кожа, посебно на лицето, па не гледам нешто лошо ако кажеш две-три лепе речи што верувам дека на сите ќе ни бидат од корист. Барем кажи ни дали може од некаде да се набави тајниов крем. Мене ваквите работи од типот „имам нешто што стварностварностварно ми помага, знам ова, ама уствари не знам како всушност се прави“ ми мирисаат на презентирање на сопствениот мал бизнис, ама аjде, си молчам.
Ај стави баш слика од лицето да видиме дал ти е толку мазно, па ако ја продаваш кремата да направиме зделка.
Гласно молчиш Јас ни во еден момент не реков дека го продаваме кремот. Досега никому не сме му продале нити едно кутивче. Сме подариле, да, на неколку личности кои се дел од нашите животи. Искрено и јас бев затекната од тоа што неколку форумџики прашаа дали може да се купи. Рецептот е таен, затоа што не е мој, па да го споделам. Сепак, станува збор за авторски права, кои кај нас и не се толку многу почитувани, но во светот се многу строги. А тоа што споменав дека користам најобичен домашен крем, е тоа беше само заради тоа да ви кажам дека не мора да значи дека треба да се спукуваат еден куп пари на звучни марки за да имате убава кожа.
Аха! Како резултат на многуте споделени искуства во врска со крема за лице ЗАКЛУЧИВМЕ и како ден јасно ни е дека не е потребно да фрламе купишта пари за да се има убава кожа. Меѓутоа, да читниш дека има луѓе кои се преокупирани со својата кожа и бараат некаков спас и ти да изјавиш дека спасот е уствари без пари, дека сите го имаме во кујна да речам ама состојките ќе си ги чуваш во тајност, е малку ми е чудно, или малку повеќе Сепак ти си знаеш, тоа е еден вид лек девојче, а лекот треба да му се даде на „болниот“ да речам (се извинувам ако некој е навреден, не ми е тоа намерата) Поздрав
Знаеш што Детелинке, еве ќе ти кажам две-три од остојките кои влегуваат во кремот, но, се разбира има и други: чист пчелин восок, есенција од семки од грозје, маслиново масло, лимон, дестилирана вода
Благодаримеее, но немав намера со постот од погоре да ти ги извлечам состојките од уста него само го прокоментирав твоето мислење. Епа девојки делумно го имаме рецептот, фатете се за работа но, се разбира има и други состојки