Еве јас ќе споделам која процедура за хигиена и одржување на лице делува кај мене. Не е скапа, и по мене е многу едноставна и делотворна. Секојдневно користам: 1. Хлорамфеникол лосион (околу 100ден). Моментално имам на Фитофарм. 2. Авон 3во1 лосион за миење на лицето (околу 130ден), може да е заменет и со некој друг едноставен гел/флуид за миење на лице, на пример кога ќе ми се потроши планирам да си купам на балеа. 3. Бадемово масло (моментално имам на Фитофарм, околу 50-60-70ден се). 4. Едноставна крема за лице. Јас користам Нивеа Крем (плавата) а како едноставни а убави креми се покажале Нивеа Софт, Бекутан, Цера ди Купра и слични. Најпрво ја чистам нечистотијата и шминката со Хлорамфеникол лосион, одбегнувајќи го делот околу очите (го купувам од Зегин, има и на Галафарм и на Фитофарм). Малку е горчелив, ама не е проблем затоа што после тоа го мијам лицето со лосион/крем/флуид за лице. Лицето не го бришам со крпа туку оставам само да се исуши и впие дел од водата. Потоа капнувам две три капки бадемово масло на дланките и нанесувам лесно на лицето (ова го правам само пред спиење навечер). На крај ставам крема за лице со лесни потези без тегнење на кожата. И тоа е тоа.
Јас користам крема Нивеа Визаж за сува кожа, и тоа ноќна за преку ден. Таа ми одговара како ништо друго, а иронично е тоа што ја нема тука. Најобична крема е, дневна има, ноќната не ја носат. Исто така повремено ставам и маслиново масло, многу убаво ми делува. Веројатно било какво масло е ок, особено ако имаш сува кожа како мојава. За околу очи користев нивеа крем за околу очи, ни пред околу еден месец ми се потроши, и одма стана очигледно, морам да ставам нешто околу очиве. Вчера земав некоја крема од еуцерин, ќе видиме како ќе се покаже. Иако реално имам веќе по некоја брчка околу очите, не знам зошто - не сакам да користам креми против брчки.
уствари го немаме, нема врска битно она си го има. Него сакав да прашам girl1985 кремата на нивеа добра е за кожа со акни?
Ми го промени животот. Скапа е, 700 денари, но навистина вреди. Лицето ми беше катастрофално, а сега се гордеам со него.
хлорамфениколот се нанесува на чисто лице.....а не служи за отстранување на шминка.....и јас го користам, ама прво го мијам лицето со гелот па после хлорамфеникол..... значи обратно ова совет од мене, а како ти одговара тебе така прави си
Веќе некое време ја користам оваа од Oriflame: Имам комбинирана кожа, а оваа е за мат ефект, но доволно го навлажнува лицето, па сувите делови не ми се пресуви. Ја купив 2 во 1 гелот/маската за лице од Neutrogena пред некој ден и засега сум презадоволна. Можеби ќе ја купам кремата без масло од истата колекција следна. Бекутанот со цинк оксид што го ставила девојката погоре воопшто не ми одговараше, не знам како некои го користат (а познавам многу што го користат). Премногу ми е мрсен и густ. Хлорамфениколот уште полошо. Згора на се и ужасно мирисаше.
Користам крема од невен и навистина ја омекнува кожата ама ништо не помага во врска со болчињата на лицето.
прочитав неколку страници наназад дека бекутанот ја зголемува вланеноста на лицето бидејќи содржи рициниусово масло (или така нешто слично) а овој вид на масло некои го мачкаат коренот на косата за да им порасне но иако бекутанот содржи ваков вид на масло нема да ви се зголеми влакненоста на лицето бидејќи од цели 100% кремава содржи само 2% од ова масло иначе ако ја зголемуваше влакненоста бекутанот тогаш газињата на бебињата до сега ќе беа како на мајмунче
Нешто во глава ми влезе дневната крема на Др.Чолиќ со хијалуронска киселина. А човеков е еминентен српски естетски хирург. Има нешто рецензии од српски блогерки и ептен ја фалат. Освен што ги попонува брчките и го освежува лицето, ги отстранува знаците од умор, за десетина минути по нанесувањето ја апсорбира водата и ја намалува утринската отеченост (ова ми е посебно важно). Така барем зборуваат нивните искуства. Ја користел ли некој оваа крема за да сподели искуство, поточно ваши мајки, тетки, бидејќи повеќето од вас сте премлади за ваков тип на производи? Јас ептен се загреав. Чини околу 1000 денари, но од искуство знам дека со инвестиција во добра крема се заштедува во други производи-маски, коректори, подлоги, а нема потреба и од многу пудра.
Само кај нас тестерите за козметика се мисловна именка. Денес се заинатив да се снабдам со тестер за кремава на Др.Чолиќ со хијалуронска киселина. Поминав можеби 15 аптеки и парфимерии кои ја имаа оваа крема, но не и тестери. (всушност добро знаеме дека тестери постојат и знаеме каде одат). Конечно во Зегин во Трговски се погоди аптекарката и ми даде едно тестерче за ноќната, но битно ми е да проверам да не направам алергија на хијалуронот. Резултати понатаму...
Пеперминт, каков тип на кожа имаш? Да знам дали рецензијата на кремата ќе важи и за мене Не озбилно, и јас сум заинтересирана и би ја земала, и баш би сакала да слушнам искуство и од тебе. Тенкс
До пред некое време ја користев Нивеа софт кремата, и супер ми беше. Најбитно ми е што ми ја даваше потребната свежина на лицето и брзо се впива. Ама последниов пат се решив да купам Бекутан, но не сум многу задоволна бидејќи многу време и треба да се впие и башка е многу мрсна и свети. Порано ко да не беше ваква кремата.
Бекутан. А, ако има потреба ставам од кремата „Здраве“ ако ме има каснато нешто, или мозолка, само малку на местото, се суши, а не мора да се користи за лице, туку за се.