Ја па млеко за тело си користам на лицето. Сеа почнав да ставам и крема од невен за сува кожа, неможам да најдам сликичка.
^ И јас правам така, само со млекото Елдена, тоа со зелено капаче. Ептен ми одговара бре, брзо се впива, ко за чудо. Дури и не ми го мрси лицето. Инаку, мајка ми ми дом'кнала од некаде крема и тоник. Кремата е као фамилијарна, за секој ден. Со екстракт од невен и кантарион е и преубаво мириса. Малку ми изгледаше мрсна на почеток, ама ставив ептен малце и прилично брзо се впи, а пријатно сум изненадена дека не ми светна лицето. Ќе ја користам некое време, па ќе кажам како ќе реагира лицето. Инаку - обична дневно-ноќна крема е, нема врска со чистење на бубулици и сл.
Тестерот од кремата на Др.Чолиќ содржи количина за околу 3-4 употреби. Кремава нема никаков мирис и е доста масна, впрочем како повеќето ноќни креми. Но, оваа е премногу. Инаку, имам мешана кожа, нормална, со масна Т-зона, но ако не ја негувам правилно се јавуваат и суви делови склони кон лупење. Немав реакција на хијалуронот, иако од тоа најмногу се плашев. Немаше ништо во смисла на пецкање, вцрвување. Наутро лицето како што реков обично, дури и полошо од вообичаено. Не дека очекував чуда, особено не после 3 употреби. Можеби една од причините е што ја тестирав кремава во ПМС кога и вообичаено лицето ми е најлошо. Сега за сега, решив да не ја купувам, а ми излегоа и некои непланирани трошоци. Во меѓувреме, ја купив на Нивеа Pure&natural со алое вера и арганово масло и е сосема О.К
Долго време ја користев Бекутан иако не ми беше најсоодветна и не ми одговараше на мојот тип на кожа пошто е многу мрсна и потешко се впива, а јас имам нормална до сува кожа. Се додека не почнав да ја користам Нивеа Софт, од која што сум презадоволна. Башка кремата е и хидратантна, ја хидратира кожата, а притоа и лесно се впива. Обично ставам пред спиење, и највидливи резултати забележувам наутро откако ќе го измијам лицето со ладна вода, лицето е прочистено, а кожата станува свежа и мека како на бебе.
Кремава на цидонија против пеги и флеки, ја почнав прен неколку дена па ке видиме, ако има некој искуство нека пише..
не ми ја покажува сликата, а кожата ми е скроз иста како твојата. ај те молам пиши ми го името на кремава (се надевам уште си задоволна од неа)
Здраво девојки..дали ја имате пробано кремата од Лореал против сува кожа и кремчето за околу очи Satwa? И најмогу ме интересира дали се за 18 години? или за постари? затоа што јас имам 18 а ги зедов да ги користам.. фала однапред
Нивеа - најобичната. Некогаш знам да ставам и од невен, ама ретко, ако сум изгорена или некоја бубулица кога имам. И Дермогал, лосионот за лице на дневна база.
Девојки ја има ли некој користено кремава, за комбинирана кожа е, и пишува дека го изедначува тенот , со моето чуствително лице незнам веке што да правам, ја користам на еуцерин за чуствителна кожа ама пак светнувам
ми препорачаа да користам крем за лице што содржи витамин ц ме интересира дали некоја од вас има искуство некакво со ваков крем сега гледам на страната на алкалоид , во нивната линија има сатва крем за лице со витамин ц дали некоја го користела ? се мислам дали да го купам тој или да видам од некој друг бренд ако има некој од вас искуство со ова ве молам споделете благодарам )