Како да откријам каква крема треба да користам за лице ,некогаш кожата ми е многу сува а некогаш премногу мрсна ?
Зависи на кои делови од лицето ти е мрсна кожата. Ако има мрсна Т зона (чело, нос и брада) и суви образи, тогаш имаш сува и комбинирана кожа. Ако ти свети целото лице и имаш широки пори, тогаш е мрсна.
Имам сува кожа но сепак каков крем и да ставам не се впива ..... затоа веќе некое време не ставам никаков крем ни под пудра ни никако но како што заладува ќе мора да пронајдам нешто бидејќи кожата ке ми стане ужас... Помош ....
Да те поправам - не можеш да имаш и сува и комбинирана кожа. Ако се суви образите, а т-зоната масна, тогаш целата кожа е комибнирана, т.е. во случајов, комбинација од мрсни и суви делови. Јас уште трагам по мојата совршена крема за комбинирана или маска кожа. Се откажав на некое време, моментално користам една со екстракт од невен, ама не е тоа тоа - не можам да замислам да ја ставам под пудра. Сапунот Дав ми е колку толку спас од светлечки ефекти, ама ми треба крема под итно. По можност дневна и секакви предлози се добредојдени.
Сестра ми, има масна кожа и ја користи на clinigue оваа крема поточно жолтото шишенце. Ако можеш да ја најдеш, пробај ја, таа е многу задоволна.Поздрав.
Јас користам производи на Клиник и на нивната опаковка токму ова го пишуваше што го напишав и овде значи не си го вадам од џеб туку така да го пишам.
Или било која друга на која е нагласено OIL FREE. Оваа е 320-30 денари е, зависи каде ќе ја купиш. И со оглед на тоа што нема масла, барем нема додатно да ти ја измрси кожата. И не би требало да користиш сапун, сапунот ја суши кожата без разлика дали е мрсн/комбинирана/сува, а колку повеќе ја сушиш толку повеќе природно ќе си лачи мрснотија.
Како и да е, ама побогу - не е логично, а ниту пак возможно некој да има и сува и комбинирана кожа истовремено. Се знае - или е едното или другото. Крејзи, овој сапун не ми ја суши кожата, пренежен е и не ја чувствувам затегната кожата на лицето по секое миење, како што беше случај со другиот сапун кој го користев подолго време. Ќе го користам уште некое време, па ќе пишам дали се сменило нешто, а искрено, се надевам дека ќе остане таква ситуацијата. Инаку, се мислев и јас за Неутрогена, ама моментално ми е прескапа, малце џебот плиток е. Ќе пишам што сум направила, засега останувам на комбинацијата Dove и кремата со невен.
Мислев дека Бекутанот ми е подобар од Nivea Baby ама не било така, на носот ми се појави црнки мислам дека ми е од бекутанот. Пак се навратив на Nivea Baby, полесен е побрзо се впива, така да не светам во лицево. Спојлер
Mногу, многу ретко користам крема за лицето, скоро никогаш. Aма оваа недела ја користам зашто лицето некако ми е суво, па малку го зашлапав,многу е убава и нежна, и убаво мириса
Здраво девојки..дали ја имате пробано кремата од Лореал против сува кожа и кремчето за околу очи Satwa? И најмогу ме интересира дали се за 18 години? или за постари? затоа што јас имам 18 а ги зедов да ги користам.. фала однапред
Кремава ја пробав од мајка ми,нешто прекрасно е.Јас ја купив од Бугарија,малце поевтина,инаку ја начекав во ДМ за 285 ден. Иако се евтинки,сите креми им се прекрасни. А никогаш не се откажувам од моето Здраве
јас ја нарачав ова крема пошто премногу го сакам мирисот на шеа путер. и кремата е нешто преубаво. не само што мириса убаво. туку и лицето ми го омекнува.