Ајде пак барам кремче Значи барам нешто што ќе ми се упива доволно за да не ми свети како масло кожата, ама и што ќе е доволно хидрантно за да не ми се лушти ко сега што ми е случај. Мене не ми е комбинирана кожава да имам масна т-зона и суви образи туку ми е де така, де така Ееве сега носот ми е излуштен цел, направив пилинг, си ставив Здраве, џабе, челото ми светна а носот си остана цел никаков. И образиве суви пресуви Ако сфативте што кажав, кажувајте чаре
Како и да е, ама побогу - не е логично, а ниту пак возможно некој да има и сува и комбинирана кожа истовремено. Се знае - или е едното или другото. И двете сте во право повекето фирми и општо во комерцијалата на производи за лице се три типа - сува - комбинирана - мрсна. Некои имаат и други поделби како чувствителна и сл. Зборот ми е што Клиник како фирма ги дели на 4 типа на кожа на лицето 1 е сува и многу сува 2 сува со малку мрсни делови (искрено немам поим како да преведам на друг начин ) 3 е комбинирана со повеке мрсни делови и 4 е многу мрсна. Така да и двете сте во право да не сум оффтопик користам повеке креми, лутам како кајче на ветровито време мегу кои здраве, лала, две од клиник, една од сатва, и не ми текнува на другите ама ги има некои купуваат кондури е јас креми и препарати за лице
Поубави од овие производи нема! Ги користам скоро сите и од сите сум задоволна :up: Сапунче Dove + кремава = кожа бебешко газе Ја препорачувам!
На сите што Павловиќева, Нивеа и ДАв ви се претешки и мрсни, пробајте го новото кремче од Нивеа Софт, хидратантно и лесно, не остава лампион ефект по нанесувањето, се впива многу брзо Јас имам комбинирана кожа и совршено ми се погоди!
Претходно користев Бекутан со цинк оксид но кога се вратив од одмор мораше да го сменам бидејќи од цинкот ми се сушеше кожата а така беше сува од сонцето. Првите денови ставав мало количество од оригиналната павловиќева маст а потоа нивеа, обичната сина. И уште еве ја ставам нивеата али за брзо пак ќ си се вратам на бекутанот. Засекогаш се скарав со скапите креми кои ме мамеа со нивните амбалажи и реклами.... за ништо не ги бидува. Универзалка си е универзалка
Девојки дали кремава е за млада кожа (19 год.) ? Ми треба некоја со мат ефект за комбинирана кожа И дали е добра гел-кремата за акни од менхетен ? Неможам слика да најдам
земав бекутан обичен за лицето лелеее лом ми го направи лицето целото ми се исфрла со брукички вака на образите ми е како сува ме затега додека носотцелото и дефинитивни брадата ми се мрсни што крем да си земам ?како сте задоволно од лореал ли еуцерин?
Доколку сакаш да пробаш еуцерин јас топло ти препорачувам Eucerin DermoPURIFYER. Јас пред неколку години го користев и ми со стабилизира лицето. Тогаш имав мрсна кожа и ми беше нафрлана. Нема да погрешиш. Ако се одлучиш да го купиш пиши резултати
Користиш анти ејџинг крема на 19 години ? Голема грешка ти е ова, да знаеш. Инаку, јас се откажав во потрагата по совршената крема за моево лице. Мене ми треба крема за откако ќе го измијам со сапун и ептен малку, минимално, пред да нанесам подлога или пудра. Засега млекото Бекутан ми е повеќе од одлично, убаво ми ја хидратира кожата, брзо се впива и не остава масен сјај. :up: Планирам да ја земам најобичната Нивеа, затоа што нивеа Софт ми е премрсна некако. Барем ми одговара, а и искрено - ми треба ептен малку, колку да не нанесувам подлога на голо лице.
Хм, ако нивеата софт ти е премрсна, ова ќе ти е препремрсна пробај ги во ДМ има колекција за млади балеа јанг и од алверде (колешките ги користат и се задоволни, посебно таа со ружите). Јас си ја купив од BabyLove исто од таму, не е лоша хидратантна е некако, ако е бебешка.. не е од типот на Бекутан, туку веднаш се впива и можеш да си ставаш пудра, подлога што да е, исто добра ти е и Дове.. инаку цел живот што се вика ја користев класикот Нивеа, и нема замена, ама во последно време ги баталив тотално како бренд.
^ Не сум во можност да си купам нешто од ДМ, од проста причина што не сум од Скопје. Одамна ќе си купев да беше така. Нивеа Софт користев долги години и ми беше прелесна и премрсна, а оваа во синото кутивче ми беше нешто покрута и потешко ми се размачкуваше. До душа, крема ми треба минимално, значи колку едно зрнце грашок, затоа решив да не обраќам многу внимание и да земам некоја похидратантна, а оваа ми беше одлична на времето, иако имам мрсна кожа. Се надевам не ѝ го смениле составот, па да кукам после.