Јас не знам зошто спиев со умот, сум си увртила дека е Дав мрсна и неќев ни да чујам за неа Ама пошто сум ептен заоволна од сапуните за лице, и пошто веќе не знаев што да земам а како ми зазимува мене така ми се прават лишаи на образите, и дадов шанса на обичнтата Дав крема и сум презадоволна Сосем малце ми треба, колку една капка, лесно се размачкува, убаво хидрира и не ми светнува лицето како од Нивеата, плус е добра подлога за пудра, и плус и брат ми ја користи и на онаа негова коска од брада ептен му го омекнува лицето, за што искрено мака си мачеше. Ете, некогаш и шанса треба да и дадеш, а не јас запнав не, мрсна е, а од кајде знаев де Е сега, добро, не се чудете ако ја сменам откако ќе ја потрошам, пошто мене ко ќе ми се насмевне од по рафтовине некое кремче, паѓам во искушение да си го купам, ако нема да ми пасува. Ама битно си најдов кремче на кое знам дека ако му се вратам нема да грешам Патем, ако Мишела не купила сеуште, топло и ја препорачувам, пробај си, има малечки кутивчиња, околу 50 денари се, ама пошпто ти ја знам маката мислам дека ќе се радуваш
Препрепресува Ни најмрсната нивеа не ме спасува.. Предлог? се мислам за оваа, дека барам некоја да не е мрсна но да не ми е ни суво лицето
моментално оваа и при крај ми е... задоволна сум но сепак, никогаш немам купено иста крема повторно едноставно срце не ми дава да бидам верна на една добро е во љубовта што не сум таква
Бидејќи имам комбинирана кожа...Секако чат пат црнка мозолче црвенило ја користам кремата Кралица на билна база ...Прекрасна е одговара на секое лице и за секој скоро дел од телото и не само за што ми ја мазни кожата како да ги снемнува бубулките и флеките
Прво ја купив за децата , ама сега јас повеќе ја користам. Зимска е, односно штити од студ, ветер, дожд а и ув зраци, и за мене пошто имам сува кожа е најдобра. Знам и летно време, место пудра само од кремава да си ставам. Сега почнав и за пред спиење да ја користам и подобра е и од специјалните за таа намена. :up:
Бекутан само на образите,бидејки таму ми е сува кожата,а на челото и носот неможам бидејки мнгу се мрси И раците многу меки ги прави,си ставив навика секоја вечер пред спиење да си ставам.Многу мека ја прави кожата
Некој да ми каже дали се овие креми добри? Слични се... И некоја добра крема за нормална, комбинирана кожа.Може и за акни...читам, и сеуште не можам да се одлучам, на лице не ставам никаква крема од страв да не ми се поремети.
Јас ја имам користено.Мислам дека се работи за истата крема бидејки скоро ги менуваа малку амбалажите, погорната е новото пакување ако не се лажам. Кремата не е лоша,лесна е и прилично брзо се впива во кожата,навлажнителна,јас имам нормална накај мрсна кожа и мене ми беше ок.Мириса така свежичко како крставичка.Ако ти е страв да не ти ја мрси кожата не би требало,јас ја користев обично викенд како подлога и за таа функција си ја бркаше работата,никогаш не ми сјаеше лицето.Се на се за таа цена солидна е.
Девојки, каде можам да ја најдам BB кремата на Гарниер? Или која било BB крема? Никаде досега немам забележано.
девојки.која крема за лице е најубава за мрсна кожа?,имам мрсна кожа и скоро никогаш не сум користела крема за лице,користев нивеа и бекутан но се мрсни и уште толку ми светеше лицето и ги оставив..препорачајте ми убава крема за лице за мрсна кожа..