За среќа немам проблеми со лицето, можеби кожата ми е малку сува и осетлива, ама во глобала не ми треба посебна нега за лице...барем мислам. Сега за сега ја користам оваа од Нивеа и задоволна сум, ниту многу хидратантна ниту пак многу мрсна. Преку зима кога е поладно ја користам мрсната - обичната нивеа, таа сепак заштитува од големи студови.
имам мрсна кожа но на т зоната никогаш не ми се појавиле бубулици само на лицето не многу само неколку пред циклусот но сепак ми е проблем нормално ако ги третирам ќе ми останат лузни и уште повеќе ми е проблем да најдам добра крема која ќе ми одговара бекутанот е најдобар се знај но не се осмелувам да го ставам на моето лице
Имам ептен сува кожа и неможам да замислам да се измијам лице а да не ставам крем. Најчесто користам бекутан, нивеа или солеа. За летно време за да не сјајам како лампион користам дове. Знам дека со тек на годините ќе треба да се преорентирам на креми за позрела кожа ама незнам дали ќе бидат доволно мрсни за моево кожиче
и мојата кожа е таква, пишав погоре дека сум многу задоволна од солушн кремата од авон за комбинирана кожа има и дневна и ноќна, дневната е како обилна крема,а ноќната е гел и многу убаво ја матира т-зоната, пробај ја одлична е!
Се имам испробано секакви креми скапи-евтини и на крајот завршив со БЕКУТАНЧЕ и сега само него го користам и најпоке ми одговара.
Мислам дека да, сензитив е. Затоа и ја користам, немам проблематична кожа и плус е за нега на чуствителна кожа, значи не би требало да ти наштети. Пробај.
ти благодарам лина ќе ја пробам имам од каде да ја порачам сакам да те прашам дали секоја вечер си ставаш од ноќната крема?позз до сите
па ја имав од тестери и ставав една недела сега чекам да ми стигне ,,целата,, крема и секоја вечер нормално и тоа само од гелот на т-зоната, утредента нема ниту сјај ниту црвенило
Јас користам павловичева ама во последно време ме нервира некако неможам да поднесам толку мрсно на моето лице...имам користено бекутан,ама една школска во средно од кога ми кажа дека почнале да и растат влакна на лицето од бекутанот,не ставив повеке никогаш.Па да те прашам ти да не си забележала нешто такво,вистина ли е дека растат влакна оти се мислам дали да ја користам,а сакам само бебешки
јас ја користам бекутан такво нешто немам приметено но некој ми кажа дека бекутанот бил на база на хормони и навадно повеќето новороденчиња добивале алергиски реакции на него. Едно време користев бубхен од праска и не беше лош. Ако имаш некој стручен кој се разбира и е упатен распрашај се да видиш и што ќе ти каже баш ме интересира.
Ја купив пред една недела оваа крема од Зегин, 390 денари: Многу е убава, со 96% алое гел. Имаше и 100% алое гел, ама таа ќе ја земам нареден пат. Прекрасна е за чувствителна кожа и веднаш ми го смири црвенилото. Наменета е за цело тело, за иритирана кожа. Штом мојата хиперчувствителна кожа (на лицето) одлично ја прифати, мислам дека ќе одговара на секаква кожа. Матира, не е мрсна крема, па јас го масирам лицето со добра количина, веднаш црвенилото се смирува, оставам малку да се упие и над неа ставам друг крем (моментално имам Афродита хранлив крем со камилица и зелен чај). За една недела состојбата на лицето ми е подобра. Има еден алое гел од Еси, тој е 99,9%, ама никаде го немаше (со него си правам маски), па така случајно ја открив оваа, ви ја препорачувам.