Веќе неколку месеци се обидувам да пронајдам крема соодветна за моето лице, но неуспешно. Инаку имам премногу сува кожа на носот и челото, на останатиот дел од лицето е нормална. Во потрага сум по крема која ќе биде доволно хидратантна, а нема да го мрси останатиот дел од лицето и ќе ја изедначи кожата. Препораки?
Зелената од Балеа за комбинирана кожа (Balea Young Soft & Care), прекрасна е и ја препорачувам на сите со комбинирана/масна кожа. Ја испофалив и во темата за ДМ маркет Спојлер
Моментално ја користам на Др. Шелер оваа За сува кожа е, убаво хидратира, задоволна сум, но слушнав дека ја повлекле од употреба или ќе имала нова амбалажа незнам точно... При крај ми е, па сакам да си ја земам оваа на Нивеа, би сакала да слушнам мислење за кремава Има и ноќна од истата линија па сакам да ги земам и двете, ако некој ги има пробано го молам за совет.
Да за млада кожа е, јас ја користев долго време, ама во последните месец, два се поретко. Или квалитетот не е ист како предходно или на моето лице повеќе не му одговара. Инаку пред тоа бев мн задоволна
Скоро го земав, за сеа сум задоволна од него Брзо се впива,иам комбинирана кожа на лицето ама не светам од него :up:
За мојава комбинирана кожа ама со изразена Т зона која е многу, многу мрсна ја земав денес оваа крема. Не знам колку ќе ми одговара, се надевам добра ќе ми е, да не ми се џабе фрлени 330 денари. Ја користел некој, како сте задоволни?
Имам екстремно мрсна Т зона додека остатокот од лицето ми е екстремно сув и сум презадоволна од VICHY NUTRILOGIE 2 која ја користам во зима. Кремава ми одржува баланс и ниту Т зоната повеке се масти, ниту остатокот од лицето суши. Ако имаш нормална кожа, земи си ја NUTRILOGIE 1 која е полесна верзија. http://www.vichy.hr/nutrilogie/asortiman/r556.aspx
Јас ја користев кремава и можам да кажам дека скоро совршено ми одговараше не ми ја мрсеше кожата дополнително а ми ја правеше доста нежна и мека. Јас имам прилично мрсна т зона а суви образи, супер беше кремава за тоа сега ја користам од ДМ на балеа зелената ама не сум задоволна, па ќе си се вратам на оваа од неутрогена
А кај го има и колку е одприлика ? И дали е добра за ова време од годинава ? И патем сум нафрлана малку кај брада , значи нешо у стил на флеки ми се , црвенила... би ми одговарала ?
Мојата кожа е комбинирана-прилично е мрсна во Т-зоната. Сакам да ја пробам целата колекција на Алверде за лице со кал. Дали некоја од вас ја има користено? Пошто е на органска база, би требало да е добра, нели?
Бидејки немам многу чисто лице, користам една на Doctor's Antiacne Cream и здраве со цинк оксид и задоволна сум.
Ја користам моментално кремава, и плус млеко за тело од неутрогена за многу сува кожа и сум презадоволна, и искрено го засакав брендов Вистинско изненадување после сите утки со нивеа, гарниер и сл. Препорачувам!