РОК златна линија за навечер со ретиналдехид и преку ден или крем Мелиса од др. Хаушка или РОК хидрантен крем.Ако има сонце и заштитен фактор од 30 Среќна сум што конечно РОК колекцијата ја има и во Скопје па не мора да се мачам да ја нарачувам од надвор .
Девојки некоја од вас да не ја користела оваа крема од авене? Имам многу сува кожа и ми ја препорачаа оваа па ако ја имате користено споделете ваше искуство
Порано користев Солеа бејби со талк ,многу ми беше убава бидејќи избелува.Сега кожава ми стана помрсна и не ми поднесува креми.
Веќе втора година по ред, совршени за моето лице масно на Т-зоната, безмасна но хидрирачка формула, ја користам целата колекција и навистина се исплаќа
Јас го користам кремот но тој што е за проблематична кожа со акни, заедно го Клеане гелот за миење лице без сапун и уште еден крем кој делува како третман на лицето.Ги користам две недели и приметувам некоја разлика. Би требало да е добар и кремот што е за сува кожа. Мене иначе ми ги препиша дерматолог од Анчевски. Поздрав
Capture Sculpt 10-Dior Флуидов го купив на еден добар попуст. Многу сум задоволна. Откако го користам лицето ми е свежо и затегнато, а една подлабока брчка на челото е помалку приметлива. Го користам и како подлога за шминка. Си вреди за парите, но не сум сигурна дека ќе пуштам срце уште еднаш за вакво задоволство.
Тоа се тонирани креми. Нема да ти ги задоволи потребите ако сакаш класично кремче за лице. Земи си Дав бре Цаци, 50 денари е, ќе ставаш мала количина (зашто и малку е доволно за да ти ја хидратира кожата) и нема да светнеш брзо (мислам дека имаше комбинирана кожа). Проверено од мене и кате21.
Кожата на лицето ми е многу сува и ми се лупе во Т зоната. Што да и ставам, ама да не биде некоја многу мрсна крема?
Јас ја имам на Гарниер. Таа е тонирана има две нијанси и убава е како замена за пудра или подлога за пудра. Таа за комбинирана кожа има алкохол и под неа мора да се стави крема, барем јас ставам инаку многу ја суши кожата. Значи не е крема за лице, туку е тонирана крема, ако си ја користела подлогата на Јангдерм, оваа е погуста, попокривна. Крема под неа ти е потребна секако.
Таа е за нормална и е подебела тубата, а за комбинирана е подолга тубата и потенка. Еве ти слика од двете, од десно е за комбинирана. Јас ја земав 290 денари од Принц маркетот во Топанско ама ја видов во Дон во Ново Лисиче, ја видов и во Зегин во Ново Лисиче и мислам дека поефтина беше во Зегин.
^ Мене ова кремава во срце ми остана. Ја пробав таа од танкото тубиче во Космо и лицево.... леле, прекрасна подлога, прекрасна! 289 мислам е во Космо, 299 во ДМ, така нешто. Ама па ова не можете баш како помада да го користите, посебно не сега кога надвор е мразојни, ставајте нешто похидрантно. Јас ја имам таа Елкурин од КАМ, за летоска ми беше таман, ама сега гледам лушпички, ќе морам да ја сменам. И Дав ми е многу мрсна мене, и ја подарив на мајка да се шлака.
Едвај чекам да ја дотрошам а не ми се фрла пари сум дала Тешка, мрсна, цел ден ја чувствувам на лице, не се впива, и после долго време користење нема никаков ефект од неа...може вода да и носи на здраве...
Можам и во темата за ДМ да ја пишам, ама ајде тука, сепак е крема за лице. Скоро недела дена како ја користам и можам да кажам дека премногу ми одговара! Ептен сум позитивно изненадена, со оглед на тоа што очекувањата ми беа скоро на 0, непознато јбг Како и да е, имам комбинирана кожа (Т зона мрсна, остаток нормална/сува (после миење)) и кремава стварно не ме прави ко лампион + што е благо тонирана, па е супер за брзински излегувања без пудра