Ја сакам Марамка во темава на рапорт! За кремата на Неутрогена. Собирам пари и планирам да ја купам. И ме интересира, дали покрај матирачкиот ефект успева убаво да ја хидрира кожата?
поубава крема моево лице нема искусено,ми ја хидратира кожата,лицето ми станува меко и ми го изедначува тенот,бев скептична за 189 денари не очекував некој резултат но ми го докажа спротивното,ја предложувам на сите што имаат мрсна кожа нема да се покаете..
Мене не ми ја хидрира убаво кожата. Да, ја матира убаво, да не спомнувам па и колку долго ми стои пудрата со неа, после едвај се мијам. Но, јас не би ја купила повторно. Мене ми делува повеќе ко маска да имам на лицето, него крема. А јас и ти имаме слична кожа од се што забележав до сега по темиве, па мислам дека и ти не би била задоволна.
Да им се вмешам во разговорот на Марамка и Мишелка Крема за мрсна кожа која мноогу хидрира и не дозволува да сјајот излезе на површина јас би ја препорачала Еуцерин од зелената линија! Многу е убава, јас немам мрсна кожа, комбинирана ми е но пак си ја земав бидејќи уште одамна ми беше проверена. Хидрирано и мазно лице кое не светнува! Јас лично многу сум задоволна, али побарајте тестерчиња дали има во аптека за да не давате пари за џабе.
Леле, а колку е? Чувствувам дека ќе ми свирнат ушињата од цената, ама кога веќе се работи за лице - не коментирам.
^ Околу 700 е Мишелка, незнам точно дека ја купував заедно си други работи од Зегин. Ама колку и да е, се исплати. Ќе ти трае сигурно 3 месеци. Јас би ти препорачала да си ја кушиш. Ако си при пари може и од истата линија и гелот за миење лице, тој е 60о и некој денар. Ама многу е убав а и трае. Скапични ми се и мене бааги... Со подолга употреба и те какви резултати има
Ja добив на поклон кремава Спојлер и да ви кажам по нешто За ова ладно време, за сувите образи и испукан нос, дефинитивно НЕ Е! Значи, не е лоша, убава е, ама само ако сте дома, на топло, да не мрдате ни по ветар ни по студ. Штом излегов од дома лицево го осетив преоптегнато, испукано, суво пресуво. Сепак, за зима си сака добра хидратација, па било да е масна или нормална кожа Значи, верувам дека за лето ќе биде совршена, преубаво се упива и дава матиран изглед, ама за сега е премногу слаба, не знам како да опишам, како обична водичка. Па, ќе си ја чувам за ко ќе затопли Сега засега ќе продолжам да се дружам со Здравето и Давето
^^ И јас ја имам оваа и ич не ја користам. Некогаш знам да ставам на лице пред легнување откако ќе го исчистам лицето, ама ретко. Незнам зашто, чудна ми е. Ниту осеќам дека нешто посебно ми го хидратира лицето, ниту има било каков ефект. Ради реда си ја шлапкам на лице, ама убаво мириса и нежно го прави лицето Неодредена сум, ќе и удрам тест деновиве, да видам каква е за надвор Веќе некое време си ја користам Avon Care Rich Moisture сината и супер ми е. Најважно, секундарно се упива, и после тоа не ми сија лицето. Пријатна ми е, лесна и таман ми е за под пудра. Барем не ми лепи лицето одпосле. Си го земав и она божиќно пакување со Дедо Мраз што е од 400 ml. Таман си го исчистив лицето со пилинг прееска, сега има да си се ишлапкам со нејзе целата
Јас имам комбинирана кожа,и досега немам погодено добар крем освен Здраве.А тие Нивеа,Бекутан...за Дав незнам многи ми го мрсат лицето и плус црнките како од инат се зголемуваат
Епа ти го мрсат лицето уште толку и затоа ти се случува тоа со црнките. Тие универзални креми не се погодни баш за вистинска нега на лице. Затоа земи си крема која е специјално наменета за лице, одбери си некоја според буџетот и типот на кожа. Има доста избор на креми за лице, на Гарниер се убави, на Лореал и на Нивеа имаш.
Dove Rich Nourishment cream Кремчево ми е љубов. Ептен ми се погоди за зимовово кога кожата повеќе ми се суши од студот дури знае и да ми се перута на некои делови и ми бара малку поголема влажност. Ми ја прави мека и мазна кожата и не изгледа мрсно лицето особено ако ставиш малку, додуша тоа зависи колку ќе ти бара самата кожа зошто некогаш доволно ми е само минимално да нансесам, а некогаш кога ми е посува кожата и дебел слпој нанесувам. Пишува дека е за сите типови на кожа, според мене највеќе им одговара на луѓе со сува и нормална кожа, за комбинирана како мојата може да помине, а додека за мрсна кожа не би ја препорачала. Има попуст на сите големини на кремава во Верото кај сок. Мојата е од 75ml за 94 денари инаку е сто и нешто.
Девојки, некоја руска крема со козјо млеко што мирисала преубаво и многу убави резултати давала на кожата, ја користела ли некоја од вас? Колку пари, каде може да се купи и т.н.
E сега вака девојки да ве прашам не знам прашањево дали ми е на место тука да прашам, но ќе си прашам јас како и да е. Мене ми е лицето пола-пола Т зоната ми е мрсна ептен, а обравчињата ми се суви. Пробав да го средам со Nivea за комбинирана кожа зедов тоници и што уште не, ги користев неколку месеци ама немав никакви позитивни резултати. Зедов и Nivea крем e ваков но и од тоа пак кожата ми е така иста. На челото многу светам кога ќе ставам од Нивеата и многу ми го мрси лицето. Е сега, сакав тоа да ве прашам што крема да земам за комбинирана кожа се надевам некој ќе ми каже ќе ме советува да земам некоја убава крема, ма колку сака пари нека биде морам да го средам лицево светам како лампион
Ако ти одговараат и ти се допаѓаат Нивеа како фирма, можеш да си ја земеш кремата за комбинирана кожа. Ич не се сеќавам колку чинеше, мислам 300 до 350 денари е и низ маркетите и низ аптеките. Мене не ми изгледа воопшто лоша кремава и во план ми е да ја купам, ама прво да присоберам пари, зашто моментално сум апла шворц. И било каков коментар, критика во врска со кремава се добредојдени. Мене само ме интересира дали матира и дали доволно хидратира, да не го прави лицето затегнато покрај матирачкиот ефект (ако го има). Гарние(р) имаат солидни креми, ја користев оваа. Задоволна бев, убава ми беше кремата, ама ми здосади и сакам да сменам.
Многу ми се погоди кремчево! јас имам нормална кожа, но сега нели поради ладново време треба малце поинтензивна нега на лицето. Кремот одлично се впива во кожа, и после лицето е ко бебешко газе Топло препорачувам