И јас користам нивеа.Порано користев солеа али еднаш мајка ми купила нивеа,па видов дека е многу боље од солеата т.е. дава повеќе влажност на кожата па затоа се префрлив на нивеа.
Jaс свесно и намерно(додуша по препорака на баба, баба бе што се мачкала на лице со невеново масло што сама си го „произведувала“ ) зимава ја негував кожава само со оние обични хидратантни креми, макар и помасни, и тоа убаво намачкано, менував Дав или Нивеа, зависно што ми се фатеше на рака кога купував, и верувајте, си ја спастрив налудничавава кожа Порано имав масна кожа, од било која пудра светнував одма на т-зоната, повеќе ми се правеа црнки, и плус ја гњавев со се што ќе слушнев, од маски, до тоници, што ти не. Сега ми е нормална, навечер ставам еден сантим дебел слој Здраве, ама насабајле ко да станам ми е мека и мазна, и најнормална, ни мрсна ни ништо Значи колку повеќе ја шлакав со креми за мрсна кожа, таа ем ми се луштеше и ем побрзо ми се мрсеше, сега го надминав тој проблем, ја навикнав на обичен крем, и не мислам ни еден глупав продукт да и ставам, ги баталив сите други креми и тоници, и маски, па да не правиме муабет за оние ствари што ги купував за да ја сушам Која тортура и била еј, не ми се верува Лицето сака нега да, ама сигурно не третирање се триста глупости одеднаш, само колку да се влоши.
Pauloderm Xstazy На лицето ми е сува кожата, па што ќе ми се најде тоа ставам, и практикувам почесто да го мачкам лицето со крема
Јас користам крема од докторс се вика antiacne и сум презадоволна. А може некој да ми одговори како се користи гелот за лице, дали треба да се измие лицето со гел или пак после лосионот, гелот да се нанесе на лице и да не се мие? Ви благодарам однапред.
Јас имам комбинирана кожа и досега никако да изберам добра крема. Подолго време користев Nivea Soft, ама пак Т-зоната ми беше мрсна. Сега користам од Афродита крема со невен и алое вера за образите оти ми се суви, а за т-зоната една од Авон со краставица и зелен чај, ама пак не е како што треба. Да ми препорачате некоја баш добро што ќе матира т-зона?
До пред некое време користев Еуцерин за чуствително лице и можам да кажам ништо посебно не беше, моментално ја користам Нивеа софт и лицето никогаш не ми било поубаво
баш денеска си купив крем на есенс ,со природни состојки за комбинирана кожа,и цената му е супер ,само 160 денари
Mims-89 си го зедов кремчето прекрасно е + ми го дадоа со гратис млеко за чистење на лице 390 денари беше заедно. И лицето сега помазно ми е, почисто. Фала ти за што ми кажа.
Каде има таква акција, ако не ти е проблем да споделиш? Ја меркам и јас веќе некое време, заедно со геловите за миење лице од истата линија.
Па јас ја зедов од една парфимерија од Прилеп. Бев до кај моите во Прилеп да ги видам и реков ајде да си земам. Би требало да има во сите парфимерии види што знам. Поздрав !
Имам мрсна кожа и мозолчиња и не можам да погодам крем. Нивеата го имам користено, па дали има разлика помеѓу неа и Green Line од јаболко?
Имам многу мрсна кожа и поради таа причина никогаш ама баш никогаш немам користено крем за лице...користам млеко,гел за чистење,тоници и слично....но сега што ми се завртело во главата па сум запнала сакам да си купам некое кремче за лице...слушнав дека имало некои кремови ама биле повеќе како гел-крем што не го мрселе лицето туку му давале мазен матиран изглед...значи ставаш таков крем и одреден број на часови лицето нема да ти биде мрсно...па сакам да ве прашам дали некоја има користено нешто такво,дали стварно не ја мрси кожата и што би ми препорачале да си купам од искуство?