Истиот тип на кожа го имам и јас, само што од твојот пост не можам да забележам дали имаш и проблем со акни и мозолчиња, бидејќи јас имам си зедов пред некое време гел-крем од чаено дрво од Рефан, и можам да кажам само пофални зборови, како за лечење на акните така и за матирачкиот ефект, но нешто последните пратки за Рефан-Струмица беа за никаде во однос на квалитет, како брашнест беше гел-кремот ни се ставаше на лице ништо, ужас и престанав да го користам, ако си од Скопје провери таму, можеби таквата пратка стигнала само во Струмица.
Јас имам сува кожа и тоа многу сува со перутање и лишаи и ја користам оваа крема на Афродита со невен и камилица е и дневната и ноќната. Дневната е многу влажна и хидратантна а ноќната е малце по мрсна ама после нанесување лицето пердуф нежно и меко. Ти ги препорачувам. Јас последен пат ги купив во Рамстор по цена од 198 ден или така нешто 1 крема.
Порано имав проблеми со акни и мозолчиња и тоа многу а сега само во пмс фаза тогаш имам и после ми се чисти лицето...најголем проблем ми е мрсната кожа на лицето затоа барав совет за некој гел-крем што ќе ми ја матира кожата да не ми свети како лампион...инаку сум од Струмица во Рефан не сум го приметила тој крем за кој ми зборуваш...гледав едни од Авон од Solutions линијата пишува дека се гел-кремови има и денски и нокен и дека ја матира кожата арно ама така не ми се зема сакам некој од искуство да ми препорача...бидејќи ако земам крем така од гледање и на моето мрсно лице ако додадам мрсен крем ќе настане ужас...освен тој од Рефан имаш ли нешто друго пробано и дали таквите кремови подолго го задржуваат мат изгледот на лицето или за кратко време по нанесувањето лицето пак станува мрсно?
Немам други користено за жал, во план сум да ја земам онаа новата ББ крема на Гарниер, баш поради тој проблем, да ми биде изедначено и матирано лицето, инаку од мое лично искуство добар беше тој гел-кремот, одржуваше матирачки ефект, сепак нели не можеш да очекуваш цел ден да не ти се измрси, но поспоро одеше мрсењето во секој случај.
Океј сепак фала Youlen....уште малку ќе се распрашам и разгледам па дури тогаш ќе одлучам што да купам бидејќи кога станува збор за продукти за кожата на лицето сум многу внимателна бидејќи со многу мака стигнав до чисто лице...ако откријам некоја ефикасна крема за ваков тип на кожа на лице ќе ви пишам
темјанушка,јас исто така имам мрсна кожа и пред недела дена си земав една крема на есенс ,чини само 160 ден.а прекрасна е ,лесно се впива и има лесна текстура,на база на грозје и личи,едноставно плени ,има ефект дури до 12 часа штом си од струмица,побарај го кремот во парфимерија диор
Кажете ми, ми дадоа на поклон Nivea Visage MATTIFYING DAY CARE? Акко некој ја употребувал, може да ми каже каква е и дали смеам да ја употребувам..иам 17 год.
ако нема на неа ознака Q 10,не е за повозрасни жени,инаку добра е кремата ,јас ја имам користено поздрав
Тие денови баш ќе отидам до Диор така како што ми кажуваш занимливо ми стои кремчето велиш до 12 часа го држи мат ефектот тоа е супер мислам вреди да се проба... и фала на препораката
молам .кремчето е милина,навистина преубаво.значи кремчето има лилјакова опаковка,да не го смешаш бидејќи имаат и други на есенс
во последно време си го користам ноќното кремче на верона од козјо млеко и супер ми е,порано користев лореал за комбинирана кожа ама скапичко ми иде сега
Afrodita-Hydra Thermal Наменеата за позрела кожа за длабинско хидрирање. Содржи хијалуронска киселина. Не знам зошто кремиве кои треба да и даваат влажност на сувата кожа истовремено и толку ја мастат. Практично ми е неупотреблива за дневна нега, односно пред нанесување на шминка. Многу, многу е масна. Па според тоа почнав да ја употребувам како ноќна. Инаку е одлична, кожата наутро изгледа здраво, свежо и затегнато. Чини околу 670 ден.
Ова ли се кремите Есенс што сте ги спомнале погоре? Како што разбрав, овој од лево е за комбинирана до мрсна, а десно е за сува кожа, најверојатно. Ме интересира дали добро ја хидратира кожата? Има типична Есенс - цена, па би сакала да го земам. Плус, штом има матирачки ефект - :up:
да ,тие се кремите.јас ја имам оваа од лево за комбинирана кожа,прекрасна е,ја матира кожата до 12 часа,ја хидратира кожата, цената е доста пристапна.ти ја препорачувам навистина