Сува и нормална. Не би го препорачала баш за комбинирана и мрсна. За комбинирана можеби, ама за мрсна - во никој случај.
Да ми кажуваше некој дека толку ќе ми одоговара кремава ќе му се изнасмеав у фаца. Мојата се потроши 2-3 дена пред испит, и од мрза да се потегнам по нова, ја отоворив ова што ја имав дома. Сатва со витамин ц и гинко ектскт Јас ја имма во старата опаковка, оние белине, сега знам имаат нови опаковки, а кремата мислам дека не е сменета само амалажата. Незнам колку пари е, ама ќе се изедам зашто цел живот ги иам дома, а никогаш да пробам дали ми одговара. Убаво мириса и е погодена за ептен мрсна кожа, брзо се впива и сабајле кога ќе станам не ми е мрсно лицето, кожата мека, смирува црвенила, попогодена амин. Сега за сега подобра ми е дури и од италијанската. Препорачувам за мрсна а нежна и осетлива кожа.
Јас ја користам оваа. Обичната Нивеа во темно сино опаковка многу тешко се размачкува и ептен ми е мрсна. За разлика од неа, оваа има потечна структура и треба многу малку за да се намачка целото лице. Брзо се впива и не остава мрснотии на лицето.
Комбинирана, нормална, можеби и малце сува. Хидратантна е не е како класичната сина Нивеа тешка и мрсна. Одлична е како подлога за шминка, брзо се впива и не остава мрсен/светкав траг
Потполно се согласувам за кремава. Јас ја купив еднаш таа со витамин Ц и ептен ми одговараше. јас имам комбинирана кожа и толку ми го освежуваше лицето, просто не ми се веруваше. Не знам сега колку пари е точно. Јас последен пат ја купив накај 280 денари мислам. Сега експериментирам со некои други, ама мислам дека ќе се вратам на неа
Девојки регенеративната ноќна крема на Нивеа, во плавото кутивче што е, за која возраст е , и ако знаете цена одприлика
Годините не се важни. Лошо е да се користи креми за зрела кожа на 19, а не за бебешка кожа на 19. Одличен избор
Колку и каде ја зема? јас имам комбинирана кожа со изразена мрсна т-зона, озбилно ништо не ми ја матира... се мислам дали да се обидам со овие
Од ДМ од City Mall ја земав, не ме фаќај на збор ама мислам околу 500 и нешто денари дека беше. Провери си сепак.
Зелената линија на Еуцерин е ненормално добра за мрсна кожа. Веќе некое време ја употребувам целата, освен кремот за лице, бидејќи нема антисептичен мене што ми одговара па користан на Докторс антисептичен крем со камилица, не е ни 100 ден а многу ми врши работа и најважно не ми ја мрси кожата.
Ти благодарам на одговорот. Ја имам оваа веќе извесно време, ама после неколку употреби ептен ми го суши лицето, кога ќе се намачкам чувствувам како на себе маска за затегнување да имам а не крема.На почетокот ја користев секоја вечер, ама сега само кога ќе видам дека надоаѓа бура акни. Ама во тие случаи е многу ефективна, и да, ептен се исплаќа за парите. Туку мене ми треба некоја што ем ќе ми ја навлажнува кожата ем нема да е премногу мрсна. Уште сум во потрага...
Имам чувствителна кожа на лице, не ми излегуваат мозолчиња туку пликови што ме чешаат како комарец кога ке те касне... дали има некој предлог кој пробал или со сличен проблем за некоја крема за лице? Hipster што мислиш дали би ми помогнала оваа, да не е агресивна зошто цело време мислам дека секоја крема што ке ја земам е преагресивна за моето лице и на крај завршувам со Нивеа иако ни она ништо не ми помага?
ДјинТоник,пробај ја мислам дека има шанси да ти помогне, зашто и мене ми е така осетлива, од време на време ми се јавуваам бубуључки или пликчиња(мене од скле) ми го смирува лицето. За мрсна кожа е, затоа не е многу мрсна, и убаво мириса. Цената и е околку 300 денари, ако ја има во Зeгин земи таму е сигурно најефтина. Прво и основно миј го лицето често само со вода, и чисти го со некој тоник, па после кремчево. Пробај така,па ако не успева ќе бареме друго чаре.