Јас ја имам користено кремата. Мене не ми беше лоша, има лесна структура, не е густа а добро хидритира. Само не би ја препорачала за мрсна или комбинирана кожа. Повеќе е за нормална накај сува.
Најдобри креми ми се од Афродита од бадем и алое вера. Бадемот го користам на зима, а таа со алое вера на лето. Навистина се одлични и вредат за парите. Не сум пробала крема од Виши, ме интересира какви се ?
Која ноќна крема е подобра, онаа од кам маркетите германска елцурина (така некако) или биотен (оваа веќе сум ја користела, па другата да не е подобра?) Инаку суво лице е во прашање Поздрав, Фала!
Ме интересира колку пари е кремава одприлика?Дека гледам повеќето сте задоволни од неа па планирам и јас да ја пробам,тамам и за сува кожа е
Обично ги користам кремите на Eucerin но завчера си ја земав од Lush Imperialis заедно со еден зелен сапун(не ми текнува на името).И изненадена сум колку е добра.
Можеш да ми кажеш за каква кожа е? Јас ја гледав пред некое време, доста ефтина беше, не сум сигурна дали беше на попуст или таа и е редовната цена нешто помалку од 200 ден. Ме интересира дали е густа, тешка и мрсна крема или навлажнувачка и хидратантна. Јас имам сува кожа ама несакам креми што се мрсни што не упиваат и прават лицето да свети ко лампион.
Никаква, една на Eveline, али ќе инвестирам во поквалитетна крема. Мајка ми користи една на Janssen, па ми даде тестерчиња да пробам за моја возраст. Ми се допаѓа гелот за околу очи, тој ќе го земам и крема/гел за сува кожа.
Пред два месеци ја користев таа на Афродита со невен дневната, ја имав купено околу 180 денари инаку не е намалена толку и е цената.Има лесна текстура, многу е хидратантна и веднаш се упива во кожата,посебно ми се допаѓаше како подлога за пудра.Имам нормална-комбинирана кожа,но од истиот вид има и ноќна па претпоставувам таа е потешка,помрсна.
Кремата е убава и е за нормална кожа.Јас ја купив за 200 денари.Лесна е и хидратантна.Ја навлажнува кожата но не е многу мрсна.Мене ми е многу убава ти ја препорачувам
Не ме фаќај за збор, ама последно кога прашував пред неколку месеци ми рекоа вртоглава цена од некои 800 денари. Барем да беше пет стотки. Можеби сега е намалена, нека потврди СуперГрл. Јас прашав во Еуро Фарм.