Моментално има намалување на колекцијата Eucerin Dermo Purifyer 15% во Зегин. Хидратантниот крем кошташе 804 ден. а сега е 684ден .
Ја има ли некој користено овој крем YOUNG DERM за длабински третман на акни со масло од чајно дрво ? Задоволни сте? Го бива за сува кожа???
Зошто досега не сум ја пробала? М? И тоа доста ми ја фалеа и во сите маркети тука е најбарана секојдневна крема за лице Прво мислев оти ќе ми прави лишаи, после мислев дека ќе ми е сува бидејќи има некаква чудна влажникава густина, ама еве веќе некое време ми е прво другарче За оние со комбинирана и нормална кожа, препорачувам, стои супер, мириса на најчисто, за под пудра е совршена, и лицето откако ја користам ниту еднаш не сум го видела да ми вришти од маснотии Мислам дека ќе ми остане на репертоар и за лето, прелесна е, а доволно ја влажни кожата, без да ја масти :geek: А, а, и битно, од подлогана на Јангдерм, и покрај што имам комбинирана-масна кожа кога ќе ставев на лице со Дав или Нивеа, одма светнував, некако лигава ми беше, и не ми траеше, се стопуваше на мене, ако ја ставев само неа лицево цело испукано и испрвутено, суво, никакво, и бев готова да ја баталам како пудра, ама со ова кремче, мешам сосем малце од него и си ставам капка Јангдрем, и таман ми е, ни суво ни масно, ѓоа порцеланско ми е лицево , ама најозбилно
Девојки може малку помош, не сум од Скопје па ме интересира кремите за лице на природна база од Др. Шелер. , др. Хаушка, др. Чолич или на Авене колку е цената и од каде ги наоѓате во Скопје,ми треба за комбинирана кожа, нешто имам проблематично лице во последно време, ми препорачаа на природна база да користам, овде само на др. Чолич најдов ама за брчки , ако некој знае каде ги има, цена и искуство ќе ви бидам благодарна , фала ви
Прво пробав во Нивеа, али премногу ми е мрсен за моето лице, и кога ќе ја ставам мислам дека после 2 саати, да поминам со прст, пак еден тон крем ќе извадам. Многу тешко се опива. Сега сум со Дов, и да мрсен крем е, но не до толку, и некако брзо ми се опива, и примеќам убава свежина му дава на лицето.
Хаушка и Авене ги има во Еурофарм во Скопје или било која поснабдена аптека, Шелер во Космо, за Чолиќ не знам, имаше во ДМ ама за брчки видов само. Моја препорака е Шелер, најисплатлив е за цената, Хаушка никако, за џабе фрлени пари.
За точно не знам, ама цените се движат околу 800-1000 ден. за крема, поефтино за лосиони и слични работи, знам дека разликата со Хаушка беше 200-500 ден. поефтино, зависи од видот на производот, додека Хаушка и Авене се исти со цените ама Авене се подобри.
Конечно ја најдов вистинската крема за мене EUCERIN Q 10 кремата е за девојки од 25 до 35 години ги пополнува минималните брчки што се појавуваат за прв пат за само 5 недели и ја чисти кожата ос акни и дава многу еластичност и свежина си вреди за паричките
еуцеринот ја земав од зегин 964 денари за чуствителна кожа е со Q-10 за првите брчки ако си при пари земи ја нема да зажалиш
Kaснам со одговор. Некои 700 ден ја земав.Има некој попуст во Зегин на Еуцерин. Али како и да е вреди за парите. Лесна текстура има и лесно се размачува така да не мора да шлапаш по многу за да го покриеш целото лице. Би требало да трае извесен период .
Има ли на Др. Шелер крема исклучиво за комбинирана кожа, во Скопје на неколку места имаше само за сува, за чуствителна кожа, и за брчки
Пред два месеци ја купив само дневната од Афродита - со невен, лесна, веднаш се впива и убаво ја хидрира кожата, само малку не ми се допаѓа мирисот но е издржливо Одлична е како подлога за пудра бидејќи не ја масти кожата. Го купив и второто пакување пред некој ден, а вчера ја земав и ноќната која е малку помасна, што е нормално Ги препорачувам :up: Моментално во Веро на промоција по 169 ден. а инаку редовна цена околу 200 ден секоја. Еве и слика, од лево двете - ноќна и дневна крема
Мене следна на листата креми ми е таа Sattwa-та што ја предложи Хипстер, т.е оваа... Иако и за оваа се двоумам... Само не ми е јасно, од која возраст е пожелно да се користат кремиве? Хипстер, јави се ако ме читаш ! Јас последно ги користам двете на Afrodita и серумот и кремата, како крем/подлога за пред пудра таа на Alverde и кога си ја чувствувам кожата малку посува и затегната ставам од Lala-та за кое стварно можам да кажам дека е фино кремче за тие смешни пари.
Јас го користам од rosal clean face и сум задоволна, многу ми го исчисти лицето и ми излегуваат мозолчиња http://www.atlantic.hr/static/images/mi ... kutija.jpg