Колку пари имам фрлено за разни креми за лице, Лореал, Нивеа, држ ме мајко, немале никакво дејство. Најдобра излезе дека е Бекутан. За ништо не ја менувам.
Која од Бекутан? Јас денеска ја купив таа што е со цинк, се уште не сум ја пробала, и малце е мрсна, а јас имам мрсно лице и не знам дали да ја ставам и преку ден, или само навечер?
Јас ја користам најобичната, бебешката, со плава опаковка и капачето е жолто. Ја ставам и сабајле и навечер, имаш право дека е мрсна ама ако ставаш помалку впива кожата.
за мојава осетлива кожа користам само бекутам или бабе солеа еднас купив нивеа софт имав цуство како маска да имам на лицето како да мо го зацементита затоа бекутанцето е супер барем за мене
Моментално користам една бугарска пчелин мед мислам дека така се викаше,убава е за сува кожа ја хидритира.
имам една од морков веке неколку месеци,ама не ја користам многу,не сум лубител на креми за лице,како размресена се чуствувам
порано ја користев нивеа хидратантната крема, но последниве неколку пати си купувам dove и многу сум задоволна
^^ Јас строго хидратантната крема Нивеа софт ја користам.Мислам, поубава и полесна крема нема.За секоја кожа е дефинитивно.
Мене пак оваа, обичнава Нивеа ми е многу мрсна, ја користам исклучиво за погруби делови на телото, лактите, колената, петиците, а Нивеа Софт ми е таман, баш хидратантна, ми одговара на мојата комбинирана кожа на лицето. Изгледа е до типот на кожата?!
Doliva Имам многу сува кожа, и имам пробано се, но ова е единствен крем којшто ми помогнал. Откако го користам немам повеке проблем со лупење на лицето.