Дали некоја од вас ги има видено овие креми Јардли.Мајка ми многу ги користеше и е презадоволна од нив,но прекинаа да ги произведуваат т.е им го сменија името.Конкретно ја барам оваа Yardley beauty magic.
Леле, и мајка ми овие Јардли ги користеше интензивно едно време и многу беше задоволна, ама потоа ги снема, односно ете, им го смениле името. Како се викаат сега знаеш? Верувам дека и мајка ми би била пресреќна ако успее да ги најде, непреболена крема и` е оваа до ден денес
Sexybaby86 e тоа е тоа прашање од 100000 долари. Не знам ново име. Пед некоја недела во Зегин ја прашав аптекарката ама таа се напраи удрена демек првин као прв пат слуша за тие креми а после тоа муабетот беше као веке не се произведуваат. Знам ги имаше во Рубин кармин. Ми остана таму да прашам бидејки гарант тие ке знаат да кажат што се дешава со кремава т.е дали ја има со ново/ старо име сеедно.
Dали некој ја има користено кремата од авон од колекцијата на ANEW 20 + ,pisuva deka- 24 h хидратација,ја штити младоста на кожата,ја удвојува хидратацијата ??
Пред некое време прочитав на српски форум баш за овој крем на Јардли Beauty Magic кој беше многу фален но не се произведувал веќе одамна,мислам дека пишуваше дека се работи за словенска козметика.
Anew се една од подобрите марки во Авон, така што не се сомневам во нивниот квалитет меѓутоа сметам дека најобичен хидратантен крем за 23 години си е таман. Мој совет, да си одбереш некоја друга крема зошто Anew колку што знам се прилично скапи, такашто за помалци пари од Нивеа на пример, го добивш истиот квалитет.
Ја користам оваа и се чудам што е работава,значи на лицето ми одговара ама кога ќе ставам после отприлика пола саат очите почнуваат да ме печат и на изглед ми се како да сум плачела,пробав да не ставам близу очите(како маска што се става) и пак исто. Ја има некој?Дали има некаков сличен проблем?
Ги користам, ама ќе ги баталам во скоро време овие на Авон, дневна и ноќна за комбинирана кожа. Пишува дека ја матираат кожата ама воопшто не е така.Ми се мрси лицето по 1 саат откако ќе ги нанесам, т.е за ноќната сабајлето гледам дека ми е мрсна, што е и нормално, ама сепак не го даваат ефектот што треба.Ја хидрираат кожата, и имаат убав мирис, ама ништо посебно не се. Ноќната не е крем, туку е гел всушност. Спојлер
Јас имав крема за лице од Авон (и за очи посебна крема) и исто така ме печеа очите, и тоа многу, а дотогаш од никоја крема (Грин лајн, Еуцерин, Афродита и др.) не ми се случило тоа. Изгледа кремите им се поагресивни, нешто до состојките е..
Дури сега гледам мислам дека немаш проблем да ја користиш. Немаат некоја старосна граница освен онаа што е за брчки розева мислам е таа, таа не е за 30+ ако не и поише. Е пример за оваа http://www.alkaloid.com.mk/sattwa-krem- ... 55-ml.nspx на сајтот нивни си вика дека е плус 30 и 40. На овие не пишива тпа. За овие две што се мислиш немај гајле земи една од нив. Само не се согласувам дека таа со витамин Ц е за сите типови на кожа, мислам дека на е за сува т.е нема да одговара, за зеленета незнам мислам дека ја иам дома да ја пробам ќе ти кажам. П.С ова е директно од станата Спојлер Процесот на стареење започнува порано отколку што мислите. Иако не се забележуваат брчките, веќе по 20-та година клеточната структура се менува, а механизмот за самообновување на кожата почнува да слабее. Благодарение на науката, Sattwa кремот со витамин Ц и Sattwa кремот со овошни киселини ги стимулираат клеточните механизми во текот на денот и ноќта, враќајќи ја младоста и свежината на Вашата кожа. По 30-та година процесот на стареење се забрзува и се смета дека промените на кожата се неповратни. Но, за среќа, не е така. Можете да одберете Sattwa крем за ден со колаген, Sattwa крем за ноќ со колаген, Sattwa крем против брчки, Sattwa тоник и Sattwa млеко за чистење со колаген. Или, пак, Вашиот избор е Sattwa регенеративен крем за ден и Sattwa регенеративен крем за ноќ. И при обете варијанти ќе и помогнете на Вашата кожа да се самообнови, да и се врати нејзината еластичност и свежина, да се измазнат ситните брчки. Употребата на Sattwa поливитаминскиот крем за ден и ноќ ќе и ги надомести на кожата есенцијалните витамини и ќе Ви овозможи хидратизирана и здрава Значи дека баш овие зелена и портокаловата се за 20+, a oстанатите се за 30+.
Портокаловата Крем со витамин Ц. Наменет е за сите типови кожа подложна на стресни состојби предизвикани од замор,никотин,аерозагадување..Вградениот витамин Ц го а ктивира создавањето на колагенот и ја подобрува еластичноста на кожата,правејки ја сјајна и интензиво ревитализирана. Зелената Крем со овошни киселини. Фината комбинација од селектирани овошни киселини ,масло од авокадо и глицерин овозможуваат длабински и активни промени за подобрување на квалитето на кожата во текот на целото денонокие. Резултатот е подобрување на тонусот ,хидратација на кожата и изедначување на тенот.Особено се препорачува во текот на зимските месеци. Кремите се за сите типови на кожа и возраст над 20+.
Сум пробала секакви ама оваа не ја менувам за ништо! конечно најдов крема што потполно ми одговара! сигурна сум дека ќе ти одговара оваа.
Јас ја користам о нивеа и според мене мислам дека е убава за лице сува кожа,мене ми ја прави мека и ја хидрира веднас и таква останува во текот на целиот ден.А и добра е да се користи како подлога пред ставање на шминка...