Ми треба помош од некоја девојка која стварно се разбира од овие работи со кремиве. Јас никогаш сум немала проблем со лицето, но имам сува кожа, на Т зоната мрсничка, фала Богу. Не е смешно, ами трагично, шо забележувам брчки на моето лице, посебно на делот од страните на устата, и на крајот од очите. Знам дека сувата кожа подлежи на побрзо стареење од мрсната, но знам и дека сум 21 година и дека е рано. Е сега значи имам проблем. Стварно се брчки, веќе има вдлабнатина и доста се оцртани. Сакам да ми препорачате крема за хидратација на лицето и за спречување на појавата на брчки. Не ми е проблем цена, сакам квалитет. Од Авон сакав една 20+ да ја порачам, ама луѓе бре, па на Авон кремите се најодвратни, ич не ми се свиѓаат, ако некој ја има пробано оваа нека пише, чисто сумљам дека ќе ја купам, по можност некоја подобра фирма.
Не би ти ги препорачала авон. Некако не ми се многу сигурни со кремите. А за брчките, крем нема да ти помогне којзнае колку многу ако постојано си изложена на стрес. Да не навлегувам премногу во оф-топик но ако е така, обиди се малку да намалиш со стресните ситуации. Исто така, користи крема која е малку помрсна. На твоите години во никој случај немој да почнуваш со креми против брчки бидејќи тие ќе ја адаптираат кожата кон тоа дека е со брчки и побргу ќе ти ја остари кожата.
Не мора да е крема против брчки, може и крема за хидратација, која е стварно добра, тоа е тоа што и треба на мојата кожа пошто е пресува. А за стресни ситуации, нема никаква врска со тоа, немам никаков стрес у животот, пу пу, да не се подречам, периодов од добро, подобро амин.
И јас го имам истиот проблем, само што мојата е сува и на Т-зоната. Ти ја препорачувам од Афродита Хидра Термал, со термална вода и хијалуронска киселина е, значи за длабинска хидратација. Не е многу тешка и мрсна, одлична е за сува кожа. Ми ја препорачаа и мене баш од тие причини, јас и на челото имам некои линии кои наликуваат на брчки, ама со кремава ми се средија некако, помалку видливи ми станаа, хидратацијата е длабинска од од внатре ја измазнува кожата. Ја користам веќе месец дена и сум многу задоволна, има и маска за лице, пробај ја и таа, еднаш неделно користи ја. Ако планираш да ја купиш пази бидејќи има иста амбалажа за нормална и за сува кожа, ама наведено е на амбалажата. Околу 600 ден. е, ама мислам дека ти е на попуст во Космо.
ЌЕ ти ја препорачав кремата од Авон што е од краставица и зелен чај,но видов дека не ти се допаѓаат баш многу така да би ти ја препорачала кремата од Нивеа со Q10 што е ,можеби ќе ти одговара на лицето,знам дека таа е убава .
Ништо ќе морам да ја пренаменам за раце ми одговараше на кожата ама лом ми ги направи очите Сега си најдов нова љубов Прв пат ја користам па ќе видам како ќе се покаже,одлично мириса и убава текстура
sekerlema, таа крема од авон е од најевтината линија на производи Мајка ми ја користеше и неа така и беше, подоцна почна со користење на ANEW линијата, поскапи се.. ама е премногу задоволна
Мислам дека цената не игра улога бидејќи пред може две години отприлика имав и едно млеко за чистење лице и истото ми се случуваше,само што ќе се исчистев одма очите ми се воспалуваа,а и после ова со кремава дојдов само до заклучок дека мене не ми одговара Авон
Благодарение на mims-89 си ја купив и јас кремата на Афродита со термална вода, за сува кожа (плус ја земав и маската од истата линија) Лицето ми е преубаво, меко, влажно и чисто..... конечно има здрав изглед Фала mims-89
Јас веќе 4та година ја користам оваа крема: Нормална до комбинирана кожа е. Јас на образите имам номална кожа, ама затоа на челово ми е мрсна многу. На изглед-не, ама на допир мислиш со масло сум се намачкала. Кремава ми е ОК, ми одговара, ама пред некое време забележав дека дополнително ми го мрси ионака мрсното чело. Па затоа сакам сега да си земам на Афродита, пошто читам и тука и знам многу задоволни од кремите на Афродита. Ај препорачајте ми некоја?
Lepa можеш и ти да си ја земеш од Афродита кремата со минерална вода и хијалуронска киселина, има и за нормална-комбинирана кожа. Еве ти и слика:
Може некој да ми препорача крема за лице на Гарниер, пред 2-3 дена ја купив ББ пудрата за масна и комбинирана кожа и сега за сега сум задоволна, па сега сакам да пробам и крема од истата фирма. Благодарам
Ja измазнува кожата и сосема ја хидратира.....меѓутоа не се трие премногу со прстите додека ја нанесувате бидејки се прават грутки...сосема е доволно два три потези...инаку сум многу задоволна од кремата лицето го прави младо и му дава природна боја и мазност
Лепа хидра термал кремата на Афродита ти е на попуст во Космо, околу 550 денари мислам дека е. Јас ја користам таа за сува кожа што е и сум презадоволна не се сомневам дека и таа за нормална комбинирана кожа е одлична, но ако имаш поголем проблем со мрсната кожа има исто на Афродита оил контрол крема. Таа би требало да ти го среди челото, меѓутоа незнам како би реагирала на нормалната кожа на образите Зборот ми е дека можеш на целото лице да си нанесуваш крема за нормална кожа, а само на челото крема за мрсна кожа
Девојки, ми треба помош голема, после користење на Аирол кремата за акни, од мрсна кожата ми стана многу сува, ми се лупи и не можам да ја смирам никако.Престанав еве веќе 1на недела да го користам кремот, а во меѓувреме ставам дебели слоеви од кремата на Авене, но нема подобрување.Препорачајте ми некоја доста хидратантна крема за чувствителна кожа