Јас ја користев на Еуцерин за чуствителна кожа и искрено не бев задоволна, може тебе ќе ти се погоди а гледам има и на др. Шелер за чуствителна кожа, се мислам дали таа да ја пробам бидејки никаде не најдев на Шелер за комбинирана кожа. За длабинска хидратација имаш и на Еуцерин Аква порин, според мене таа најмногу ќе ти одговара
Од Nivea Soft почнаа да ми се појавуваат мозолчиња и да ми се мрси лицево повеќе од претходно. Препорачајте некој крем за мрсна кожа, а да не е скап.
^Еуцерин хидратантната од зелената колекција.Фактор 30 има. Јас сум презадоволна и мислам дека никогаш нема да ја сменам.
Па во Зегин има акции стално,јас мислам дека ја земав околу 700 ден.Имам пишано понапред на страниве.Не памтам точно колку бидејки ја купив пред скоро 2 месеци.
Јас користев Nivea Soft али дома имав Бекутан и реков ај да пробам по советот на gentile.girl и ми се допадна повеќе од нивеата и отсега ќе си користам Бекутан Ти благодарам gentile.girl ..Освен тоа и си користам и здраве..
Здраво женски, дали некој ги има користено тоникот, гелот и кремот од pure nature и како сте задоволни? Во новиот каталог се 299 денари,комплет, па се мислам дали да ги порачам http://3.bp.blogspot.com/-iSBN346B4t8/T ... C00585.JPG
Здраво Јас го имам користено комплетот за лице от pure nature многу се добри, сега ги користам Solutions од Авон и многу сум задоволна од нив ги користам веке подолго време
Луѓе, некоја критика/пофалба за кремава? 179 ден. е во ДМ, не е скапа, ама што чудо е? Не можам веќе со Нивеата, и сама си ја барам бељата со неа. Т-зоната ми е мрсна, нормално дека со неа уште повеќе ми ја мрси кожата. Таман е за мене, нормална кожа + мрсна само на Т зона.
Јас ја користам оваа и сум многу задоволна, со оглед на тоа што е хидратантна ептен ми одговара. Исто и јас имам таква кожа, нормална со не многу изразена мрсна Т-зона и ти ја препорачувам да си ја пробаш, ионака не е скапа, па и да не ти одговара нема да зажалиш за парите.
драги феминки,на мене ми треба совет и ваша помош.кој крем за лице да го купам сега,пишав дека сум задоволна со кремчето од есенсе со оглед на мојата мрсна кожа,но се појави друг проблем.ми излегуваат се почесто брунчиња на брадата и на челото,неподносливо ми е .која крема би ми ја препорачале
Јас користам павловичева т.е. павлодерм, не е скапа во аптека е 50 денари, 50 ml, а денес видов во Стокомак 300 ml за 155 денари, ја одржува кожата и дава мекост.Пробајте за да видите дали ќе ви одговара.